Се ожени Мартин од Некст Тајм - прва фотографија од црковната венчавка со ракометарката Андреа
- Детали
- понеделник, 12 јуни 2023
„Го дадовме, ја земавме“ - напиша Стефан Филиповски до првата официјална фотографија од свадбата на неговиот брат Мартин, кој стапи во брак со ракометарката Андреа Белеска.
Стефан Филиповски од Некст Тајм на својот Инстаграм профил ја објави првата фотографија од црковната венчавка на неговиот брат Мартин со својата девојка Андреа Белеска. Венчавката се одржа вчера (11.06) во Кичево, родниот град на Андреа.
Мартин и Андреа се заедно од 2015-та година, а во 2022-ра година тој ја запроси убавата ракометарка во интимна атмосфера.
Стефан до фотографијата на која заедно со неговата девојка позираат заедно со Мартин и Андреа напиша:
„Го дадовме, ја земавме.“
Фотографија од свадбата објави и Мартин, на која позира заедно со брат му Стефан, но и со кумот Иво Aндов. Тој до фотката кратко напиша:
„Конечно и јас стапнав на лудиот камен. Заедно со мојата сакана сопруга Андреа и нашиот сакан кум Иво ви благодариме на сите за честитките и ве поздравуваме!“
Црковната венчавка се одржа во родниот град на ракометарката Андреа во Кичево. Инаку, Мартин и Андреа неколку години ја одржуваа врската на далечина.
Андреа прво играше за ракометниот клуб „Металург“, за турскиот клуб „Јенимале“, романската „Валчеа“, шведскиот „Боден“ и грчкиот „ПАОК“.
Погледнете неколку нивни заеднички фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело