Ана Николиќ за првпат отворено за пороците: „Дедо ми почина од алкохол, а јас сум иста како него“
- Детали
- вторник, 14 март 2023
„Јас сум како дедо ми, кој почина од алкохол. Се обидов да го избегнам тоа, но сите ние нешто носиме. Се измешала погрешна ДНК“ – пејачката Ана Николиќ се пошегува на сопствена сметка и се обиде да го оправда тоа што сѐ почесто имаме можност да ја видиме во видно алкохолизирана состојба.
Пејачката Ана Николиќ во последните неколку години постојано ги полни страниците во српските таблоиди заради нејзиното скандалозно однесување додека е под дејство на алкохол.
Таа честопати сака да се шегува на сопствена сметка, а сега гостувајќи во една емисија отворено зборуваше за нејзиниот проблем со пороците, односно со алкохолот.
Ана Николиќ честопати е фотографирана и снимена во видно алкохолизирана состојба, а понекогаш дури и сама објавува такви фотографии на социјалните мрежи.
Додека голем број од нејзините обожаватели коментираат дека таквото однесување не ѝ доликува, таа неодамна гостуваше во една српска емисија и рече дека нејзината склоност кон пороците е наследна.
Ана призна дека ја блокирала нејзината баба на телефонот затоа што постојано ѝ се јавувала и ја прашувала кога планира да почне повторно да пее и откри дека нејзината баба се развела од дедо ѝ затоа што тој бил алкохоличар.
„Мојата баба се разведе пред 100 години кога сѐ уште никој не се разведуваше. Таа се разведе затоа што дедо ми беше алкохоличар.
Јас сум како дедо ми, кој почина од алкохол.
Тој беше Вага во хороскоп исто како мене. Верувам во тоа женско наследство.
Се обидов да го избегнам тоа, но сите ние нешто носиме.
Се обидов, но секогаш се враќаш на тој некој постар модел. Ова е класична ДНК. Се замешала погрешна ДНК. Што да правам“ – рече таа.
Ана го спореди својот брак со Раста со оној на нејзината баба, па рече дека таа никогаш не сакала да биде жртва на своите лоши избори.
Нагласи дека сѐ уште го сака својот поранешен сопруг, но кога ја добила ќерката Тара одлучила дека е подобро да се разведат за детето да не мора постојано да ги гледа нивните расправии.
„Го задржав презимето, и понатаму сум Ѓуриќ (Стефан Ѓуриќ Раста). Така сум традиционално воспитана. Мојата баба секогаш го сакаше мојот дедо затоа што многу рано се развеле.
Секогаш го сакаше. Пред смртта му готвеше храна, му ја праќаше... Нешто слично како што јас одев кај Раста во затвор. Живееше таму како бебе, спиеше, тренираше“ – рече таа.
Ана Николиќ со ова уште еднаш покажа дека воопшто не ѝ е грижа за негативните коментари што ја следат на социјалните мрежи и покрај големиот број видеа и фотографии на кои се гледа дека таа е во видно алкохолизирана состојба.
Прочитајте и Скандал и конфликт со Милица Павловиќ, познат криминалец ѝ ја финансирал кариерата – Факти за Ана Николиќ
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





