„Ме расплакаа“ – Пријателките на бремената Анѓелка Прпиќ објавија фотки со кои го открија полот на бебето

Анѓелка Прпиќ во седмиот месец од бременоста замина на породилно отсуство, а објави дека колешките ја расплакале со подарокот што ѝ го дале и со кој ненамерно изгледа го открија полот на бебето, што таа го очекува со најдобриот пријател на поранешниот сопруг.

me-rasplakaa-prijatelkite-na-bremenata-angjelka-prpikj-objavija-fotki-so-koi-nenamerno-go-otkrija-polot-na-bebeto-01.jpg

Српската актерка Анѓелка Прпиќ (38) во последните неколку месеци е топ тема во српските медиуми, заради врската со најдобриот пријател на нејзиниот поранешен сопруг Дарио Прпиќ, а на Инстаграм Стори објави фотографии со кои откри дека веројатно заминала на породилно отсуство.

me-rasplakaa-prijatelkite-na-bremenata-angjelka-prpikj-objavija-fotki-so-koi-nenamerno-go-otkrija-polot-na-bebeto-02.jpg

Сепак, она што на многумина им привлече внимание е што нејзините пријатели ненамерно со подарокот, изгледа го открија полот на бебето што таа го очекува со нејзиниот нов дечко, Марио Жугиќ.

„Ме расплакаа на крај“ – напиша таа до фотографиите на кои се гледа како пријателките подарокот го спакувале во сина украсна хартија со Мики Маус, што според српските медиуми е сигурен знак дека Анѓелка ќе добие уште еден син.

me-rasplakaa-prijatelkite-na-bremenata-angjelka-prpikj-objavija-fotki-so-koi-nenamerno-go-otkrija-polot-na-bebeto-03.jpg

Актерката во моментов е во седмиот месец од бременоста, заради што одлучи да се повлече од театарската сцена.

me-rasplakaa-prijatelkite-na-bremenata-angjelka-prpikj-objavija-fotki-so-koi-nenamerno-go-otkrija-polot-na-bebeto-04.jpg

Таа од бракот со Дарио Прпиќ го има синот Јакша, а нејзината врска со Марио кој е поранешен најдобар пријател на нејзиниот сопруг привлече големо внимание во српските медиуми.

За потсетување, Марио претходно бил во врска со друга девојка, а сопругот на Анѓелка требало да му биде кум на свадбата.

По избувнувањето на скандалот, Дарио Прпиќ даде повеќе изјави за медиумите во кои ја оцрни својата поранешна сопруга и не криеше дека му пречи што неговата поранешна сопруга е во врска со неговиот некогашен најдобар пријател.

Прочитајте и Гласини дека Анѓелка Прпиќ е бремена од најдобриот пријател на сопругот, откако тој ја изневери со Ава Карабатиќ: „Со месеци ја криеја врската“

Актерката и Марио, веќе не ја кријат својата љубов и досега се појавиле заедно на повеќе настани, каде јавно разменуваа нежности и не криеја дека се заедно.  

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не сака да вгради силикони, не држи диети – Како српската пејачка Милица Тодоровиќ „отскокнува“ од с... „Моите пријатели порано постојано ми велеа: ’Ајде ние ќе ти платиме еден силикон...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
Татко му ја убил мајка му, го помниме по Survivor – Факти за згодниот Хрват Марио Млинариќ Кога имал само 11 години татко му ја убил мајка му пред негови очи. Марио го зап...
„Зошто сум јас распуштеница?“ – Анѓелка Прпиќ за првпат ги прокоментира озборувањата за нејзиниот ра... „Зошто јас сум распуштеница, а разведениот маж не е ‘расупштенко’, туку зрел чов...
Анѓелка Прпиќ, која тајно се омажи за најдобриот другар на нејзиниот бивши, сподели фотки од семејна... Српската актерка беше нападната дека започнала афера со некој што е толку близок...
Ќерката на Џеј и сопругот со конфети и балони открија дека очекуваат девојче (видео) Ќерката на познатиот српски пејач Марија Рамадановски има причина за славење. Та...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg