Ќерката на Џеј и сопругот со конфети и балони открија дека очекуваат девојче (видео)
- Детали
- понеделник, 05 февруари 2024
Ќерката на познатиот српски пејач, Марија Рамадановски, има причина за славење. Таа е бремена со своето прво дете, а на својот Инстаграм профил објави видео на кое таа и нејзиниот сопруг Стефан Давидовиќ со розови конфети и балон открија дека очекуваат девојче.
Деновиве, филмот „Недеља“, посветен на познатиот пејач Џеј Рамадановски руши рекорди во кино салите, а членовите на неговото семејство имаат уште една причина за славење.
Помалата ќерка на пејачот откри дека е бремена и го очекува своето прво бебе.
Таа и нејзиниот сопруг со кратко видео од откривањето на полот на бебето објавија дека наскоро ќе станат родители.
„Принцеза“ – напиша Марија накратко до видеото.
Инаку, Марија е помалата ќерка на Џеј, која тој ја доби од бракот со сопругата Нада.
Таа минатата година во мај се омажи за Стефан Давидовиќ, а по стапувањето во брак го зеде и неговото презиме.
Свадбата беше организирана во ресторан во Белград, а на неа присуствуваа околу 300 гости.
Џеј има уште една ќерка, Ана, која е во врска со познатиот пејач Адил Максутовиќ, со кого има и две деца.
Погледнете уште неколку фотографии од откривањето на полот во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело