Најконтроверзниот балкански пар - Зошто Теодора Поповска и Реља Торино се мета на критики?

Тој е 9 години постар од неа, а таа сѐ уште е малолетна. Заедно објавуваат песни, а најчесто се мета на критики и погрдни коментари на социјалните мрежи заради големата разлика во годините. Кои се Теодора Поповска и Реља Торино?

najkontroverzniot-balkanski-par-zoshto-teodora-popovska-i-relja-torino-se-meta-na-kritiki-01.jpg

Теодора Поповска е 17-годишна тиктокерка, модел и пејачка која во последно време сѐ повеќе внимание привлекува заради контроверзната врска со 9 години повозрасниот српски трап пејач Реља Торино, а се едни од најследените музички имиња помеѓу младите на социјалните мрежи.

najkontroverzniot-balkanski-par-zoshto-teodora-popovska-i-relja-torino-se-meta-na-kritiki-03.jpg

Теодора Поповска важи за една од најпознатите титокерки во Србија чијшто профил во моментов има над 430.000 следбеници, а освен тоа, актуелна е затоа што сними песни и со нејзиниот дечко Реља Торино.

„Јас не верував дека некогаш ќе снимам своја песна, но сфатив дека сѐ е можно, ако имаш добар тим до себе“ – рече таа во една прилика.

najkontroverzniot-balkanski-par-zoshto-teodora-popovska-i-relja-torino-se-meta-na-kritiki-08.jpg

Таа стекна популарност со нејзините видеа во кои ги имитираше гасерките, односно тинејџерките што уживаат да се фалат колку се богати, лудо се забавуваат и се фалат дека сите момчиња се опседнати со нив.

@wolfdoraa ispalio me lik 5. dan zaredom ? insta: t.popovska ? #foryou #fyp #balkan #viral #foryoupage #talikusa #trend #viral ♬ original sound - Teodora Popovska ?

Теодора во нејзините видеа се обидува да покаже дека инфлуенсерите немаат совршен живот, како што тоа сакаат да го прикажат, па се обидува на младите да им помогне да ја вратат самодовербата.

najkontroverzniot-balkanski-par-zoshto-teodora-popovska-i-relja-torino-se-meta-na-kritiki-05.jpg

Во последно време, таа сѐ повеќе е застапена во медиумите заради нејзината контроверзна врска со 9 години постариот музичар Реља Торино, со кого објави дека е заедно на нејзиниот 17-ти роденден.

На многумина им пречи тоа што таа е сѐ уште малолетна, а е во врска со толку повозрасен маж.

„Дали ти ги оправдува отсуствата во училиште?“, „Татко може да ти биде“, „Дај барем наполни 18 години, па фали се“ – стои во дел од коментарите.

najkontroverzniot-balkanski-par-zoshto-teodora-popovska-i-relja-torino-se-meta-na-kritiki-09.jpg

Таа откри дека тие двајца се запознале на социјалните мрежи, откако тој коментирал на едно нејзино видео и така прво почнале да се допишуваат, а потоа влегле и во врска.

Без разлика на негативните коментари, Реља и Теодора и понатаму продолжуваат заедно да објавуваат песни, а тој досега напишал повеќе песни што ѝ се посветени нејзе.

Освен тоа тие редовно објавуваат заеднички фотографии на Инстаграм.

Погледнете дел од нив:

najkontroverzniot-balkanski-par-zoshto-teodora-popovska-i-relja-torino-se-meta-na-kritiki-06.jpg

najkontroverzniot-balkanski-par-zoshto-teodora-popovska-i-relja-torino-se-meta-na-kritiki-07.jpg

najkontroverzniot-balkanski-par-zoshto-teodora-popovska-i-relja-torino-se-meta-na-kritiki-10.jpg

najkontroverzniot-balkanski-par-zoshto-teodora-popovska-i-relja-torino-se-meta-na-kritiki-11.jpg

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Не сака да вгради силикони, не држи диети – Како српската пејачка Милица Тодоровиќ „отскокнува“ од с... „Моите пријатели порано постојано ми велеа: ’Ајде ние ќе ти платиме еден силикон...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg