Масовна осуда за сајбер-булингот откако српска јутjуберка (21) си го одзема животот - реакции и во Македонија

„Девојката потклекна на сите навреди, псовки, напади, омаловажувања“ – велат инфлуенсерите кои се здружија во осуда за сајбер-булингот, по веста дека млада српска јутјуберка Кика Гуќиќ на само 21 година си го одземала животот. Време е сите да се освестат колку големо влијание имаат онлајн навредите, за жал, невини, млади животи згаснуваат на најлошиот начин... 

masovna-osuda-za-sajber-bulingot-otkako-srpska-jutuberka-si-go-odzema-zhivotot-ne-znaete-za-granica-vo-navredite-01.jpg

Младите јутубери и инфлуенсери се актуелни меѓу јавноста, а честопати се и мета на навреди, погрдни зборови и сајбер-булинг, што неретко резултира со страшни последици кај жртвите.

Јавноста од регионот е потресена по веста дека српската јутјуберка и инфлуенсерка Кристина Кика Ѓукиќ (21) си го одземала животот, а како што пишуваат медиумите и дел од нејзините колеги, таа и самата со години наназад била жртва на навреди и погрдни зборови.

Таа не успеала да ги издржи ваквите негативни коментари, потклекнала и за жал посегнала по животот.

Нејзината блиска соработничка, директорката на Balkan tube fest, Мира Владисављевиќ, во изјава за Telegraf.rs рече дека младата Кика која со години наназад беше актуелна на YouTube и на социјалните мрежи била жртва на интернет злоупотреби и сајбер-булинг.

Кика пред само пет дена го објавила своето последно видео на YouTube откако претходно неколку месеци не била активна, а рече дека имала намера сега да продолжи да снима видеа.

Нејзината главна мисија во видеата беше да докаже дека видео-игрите не се само за момчиња, туку дека девојките можат подеднакво добро да играат.

Девојката години наназад беше популарна меѓу младите во Србија, а беше актуелна и поради кавгата со јутјуберот Бака Прасе.

Таа објавуваше видеа со видеоигри, како и видеа на кои во целост облечена скокаше во Дунав, но имаше и видеоклипови на кои „запознаваше момци на Tinder“ или со мајка ѝ читаше перверзни коментари на социјалните мрежи.

За нејзините активности на социјалните мрежи, покрај големиот број позитивни коментари, честопати се наоѓале и злобни коментари, со навреди и лоши мисли заради кои веројатно западнала во депресија. 

Како што беше наведено на нејзиниот официјален Инстаграм профил, Кика починала во вечерните часови во средата (08.12).

masovna-osuda-za-sajber-bulingot-otkako-srpska-jutuberka-21-si-go-odzema-zhivotot-vie-i-velevte-deka-ne-treba-da-zhivee.jpg

Известување ставила и нејзината другарка Лаура Тешановиќ, а заради тоа што во следните објави на Инстаграм Стори ги ставила и СОС броевите за превенција на самоубиства и пишувала на оваа тема, стана јасно дека младата девојка си го одземала животот. 

masovna-osuda-za-sajber-bulingot-otkako-srpska-jutuberka-21-si-go-odzema-zhivotot-vie-i-velevte-deka-ne-treba-da-zhivee-02.jpg

Меѓу поголемиот број јутjубери и пријатели што се простија од Кика, со своја објава на Инстаграм Стори се огласи и македонскиот јутјубер Марко Марковиќ, познат како GP, кој остро го осуди сајбер-булингот и ја подигна свеста за тоа дека самоубиството е најлошото и најстрашното нешто што човек може да го направи.

На својот Инстаграм профил, македонскиот јутјубер напиша:

„Многу ме шокира веста за смртта на Кика. Уште повеќе причината за истата. Самоубиството е најлошото и најстрашното нешто што човек може да го направи. Колку и да се чувствува човек тешко и осамено, треба да е свесен дека ќе помине и тоа.

Илјадници вистински приказни има за како луѓето од најлошото дно успеале до врвот. И сè е можно. И сè ќе се оправи. Само самоубиството не…

Секако сите сме различни и секој различно поднесува тешко. Затоа ако знаете некој кој поминува низ лош период или пак тоа сте вие, не бидете сами.

Зборувајте со луѓе и дружете ги оние што се чувствуваат отфрлено. Верувајте, на некого самото ваше присуство му е доволно да биде среќен. И конечно, не ги навредувајте луѓето.

Зборовите можат некого да повредат. Тоа се случи денес. Почивај во мир Кика, никогаш не требаше вака да ја завршиш твојата приказна“ – порача тој, меѓу другото.

masovna-osuda-za-sajber-bulingot-otkako-srpska-jutuberka-si-go-odzema-zhivotot-ne-znaete-za-granica-vo-navredite-povekje-03.jpg

Во осуда на сајбербулингот застана и Лука Кривокапиќ, кој е популарен на социјалната мрежа ТикТок. Тој на Инстаграм Стори напиша:

„Шокирани сте? Би било добро кога би биле шокирани и од коментарите што ги добиваме, а што таа последните три години ги добиваше секојдневно. ’Умри‘, ’Да даде Бог да погинеш‘, ’Ти посакувам сè најлошо‘, ’Разболи сè, итн.

Па и онаа драма со Бака Прасе каде ѝ се ’се**вте‘ во животот заедно со него. Не знаете за граница. Тастатурата за жал му овозможи на секој малоумен имбецил да остави коментар и да плукне врз некого.

Сите ние што добиваме секакви коментари, главно некако ’сме глуви‘ за тоа, но сакале да признаеме или не, доаѓа миг кога ќе се насоберат сите тие сра*а што вие ги куцкате, изговарате, снимате. Некогаш е морничаво што сè сте во состојба да напишете.

И сега кога девојката потклекна на сите навреди, псовки, напади, омаловажувања… Сега сте во шок, сега е прекрасна, убава. Сега е кутра и сега е ангел… Сајбер-булингот е реален и не е во ред“ – порача тој.

masovna-osuda-za-sajber-bulingot-otkako-srpska-jutuberka-si-go-odzema-zhivotot-ne-znaete-za-granica-vo-navredite-05.jpg

За жал, ова е страшната реалност во која живееме, каде социјалните мрежи имаат огромно влијание врз младите луѓе. 

Време е да се зборува отворено за ова, време е секој да понесе одговорност за своите постапки и да научи дека навредите се најсилното оружје кое може да биде кобно по нечиј живот. 

Но, посегнувањето по животот не е решение. Важно е жртвите на сајбер-булинг да не се чувствуваат дека се во безизлезна ситуација и да се обратат кај блиски или стручни лица за помош.

Секогаш постои решение, но за жал, некогаш учиме на потешкиот начин, низ трагичната судбина на други луѓе... 

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојката со крилја емотивна откако заврши во гипс: „Трагедија се случи во нашиот град Нови Сад, заг... „Пред неколку дена, голема трагедија се случи во нашиот град (Нови Сад). Фасадат...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg