Горан Бреговиќ за лудите излегувања во кафеана: „Маж влета со пиштол - кога престана да пука, друг си ја запроси девојката“

„Ми се јави Џеј и ми вели дека ќе оди со неговата ‘екипа’ од Дорќол во кафеана, на пиење, и дека сака да им се придружам. Одеднаш се појави тип, извади пиштол. Сите се скрија под масите, само јас седам и не мрдам“, раскажал Бреговиќ за едно од најстресните, но и најсмешни искуства во животот.

goran-bregovikj-mazh-izvadi-pishtol-vo-kafeana-i-pochna-da-puka-koga-prestana-drug-si-ja-zaprosi-devojkata-01.jpg

Еден од најуспешните музичари на овие простори, Горан Бреговиќ, во текот на својата кариера имал многу прекрасни, но и стресни ситуации.

Една од неубавите ситуации се случила пред многу години, кога Џеј Рамадановски го викнал Бреговиќ на дружење во кафеана.

Додека тие седеле и уживале, во кафеаната влетал маж кој почнал да пука.  

goran-bregovikj-mazh-izvadi-pishtol-vo-kafeana-i-pochna-da-puka-koga-prestana-drug-si-ja-zaprosi-devojkata-04.jpg

„Ми се јави Џеј и ми вели дека ќе оди со неговата ‘екипа’ од Дорќол во кафеана, на пиење, и дека сака да им се придружам.

Отидовме во кафеаната, а таму имаше многу професионални пејачи. Баш убаво си поминувавме. Како што седевме, ние гледавме во скалите по кои се влегуваше во кафеаната...

Одеднаш се појави еден тип во костим за капење и извади пиштол од него и почна да пука. Пукаше во звучниците, пукаше во клавијатурите.

Сите се скрија под масите, само јас седам и не мрдам“, раскажал Бреговиќ во интервју.

goran-bregovikj-mazh-izvadi-pishtol-vo-kafeana-i-pochna-da-puka-koga-prestana-drug-si-ja-zaprosi-devojkata-03.jpg

Откако престанало пукањето, луѓето се охрабриле да се излезат од под масите - но тогаш, според музичарот, се случила уште поневеројатна ситуација.

„Еден по еден почнаа да излегуваат од под масите, кога се појави дечко со букет рози, па ѝ пријде на пејачката Мина и ѝ го даде.

А зад него оди друг маж, со прстен во раката и ја запроси. Потоа целата приказна доби друг тек, во некој друг ритам - сите се радуваа што ќе има свадба. Никој не повика полиција.

Потоа се испостави дека Џеј знаел за запросувањето и ги викнал пријателите, но го заборавил тој едниот што пукаше, а овој за да ‘им објасни’ дека не може без него, направи хаос. Потоа се извинуваше што избувнал“, додал Бреговиќ.

goran-bregovikj-mazh-izvadi-pishtol-vo-kafeana-i-pochna-da-puka-koga-prestana-drug-si-ja-zaprosi-devojkata-02.jpg

Тој вели и дека потоа многу ‘жестоки’ момци му честитале што бил смирен и останал да седи додека траело пукањето и што не се скрил под маса.

„Тие ми честитаат, а јас си мислам - ма каков смирен, јас само имам слаби рефлекси“, ја завршил Бреговиќ својата приказна.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојката со крилја емотивна откако заврши во гипс: „Трагедија се случи во нашиот град Нови Сад, заг... „Пред неколку дена, голема трагедија се случи во нашиот град (Нови Сад). Фасадат...
Гоца Тржан: „Мојот маж за мене е најдобар и најубав“ „Знаете не е веќе само љубовта доволна, треба мажот да ви се допаѓа за да ве при...
Јелена Карлеуша: „Зад секоја успешна жена стои маж кој ја кочи“ „Мажот може само да ме закочи, да ми го расипе денот. Мене емоциите ме закочуваа...
Татко ѝ е милионер, студирала глума – Која е Марија Балабан, девојката на Раста? „Има милиони, но сепак е скромна. Долго чекав да запознаам жена која е сосема по...
Бившиот ја изневерил со Едита, денес е среќно мажена со две деца - Што прави Ана Бебиќ од „Операција... Ја поврзуваа речиси со сите учесници во „Операција Триумф“, па потоа 6 години бе...
„Најубавата жена“ - Сопругата на Огњен Амиџиќ, која беше мета на критики, конечно почна да добива по... „Колку си само благословено убава жено...“ е еден од комплиментите кој го добила...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg