Бившиот на Цеца чека син со Мис Србија - фотосесија во црно, среќен го бакнува трудничкото стомаче на сопругата
- Детали
- среда, 15 јануари 2025
Со необична фотосесија во црно, бившиот дечко на Цеца и Мис Србија го најавија раѓањето на нивното прво дете...
Богдан Срејовиќ, српскиот угостител кој е познат и како поранешниот дечко на Цеца Ражнатовиќ, деновиве ќе добие син.
Неговата сопруга, мисицата Јована, е во деветтиот месец од бременоста.
Таа на својот Инстаграм објави неколку фотографии од трудничката фотосесија, на која, невообичаено, и таа и Богдан се облечени во црно.
Тие во рацете држат и црни бебешки патики, симбол на нивниот син што ќе се роди наскоро.
А во објавата, Јована, со многу емоции му се обрати на својот сопруг.
„Мој сопруг. Потпора. Поддршка. Разбирање. Толеранција. Присутност. Внимание. Мир. Лојалност. Сигурност. Молитва. Мојата мерка единица за љубов.
Ти благодарам за сè што направи за мене во изминатите девет месеци. За сè што доаѓа. Те сакам“ - напиша таа.
Јована објави уште една серија фотографии, но тука е сама и позира во фустан во боја на мастило.
Парот направи свадба во септември 2024, две години откако Богдан и Цеца ја раскинаа својата врска.
Додека беше во љубов со Цеца (врската траеше 9 месеци), Богдан постојано беше во медиумите, а новинарите честопати ги прашуваа и Цеца и него дали размислуваат за брак.
Инаку, синот ќе биде второ дете на бизнисменот.
Тој има ќерка од првиот брак, Искра, а мајката на девојчето, Зорана, веќе долги години е во врска со Саша Ковачевиќ.
Погледнете ја фотосесијата на Богдан и Јована:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





