Бившиот на Цеца направи раскошна свадба со Мис Србија - првиот танц на песна од Калиопи, невестата смени 3 венчаници
- Детали
- петок, 06 септември 2024
Еден месец откако направија црковна венчавка, бившиот на Цеца, Богдан Срејовиќ, и поранешната Мис Србија, направија гламурозна свадба.
Бившиот на Цеца, Богдан Срејовиќ, вчера (05.09), направи свадба со својата сакана Јована Љубисављевиќ.
Бизнисменот и некогашната Мис Србија склопија граѓански брак, а потоа направија раскошна свадба во познат ресторан во Белград.
Невестата, која неодамна откри дека е бремена, на свадбата смени три венчаници, а косата ѝ беше врзана во високо опавче.
Првиот танц младенците го имаа на песната „Živela ljubav“, од Калиопи и Жељко Сарамџиќ.
Тие се веселеа до доцна во ноќта, заедно со многу пријатели и роднини, а кога дојде време да ја пресечат свадбената торта, со Богдан и Јована, беше и ќерката на бизнисменот, Искра.
Мајката на девојчето во моментов е во врска со Саша Ковачевиќ.
За потсетување, Богдан и Јована пред еден месец се венчаа во манастирот Грачаница, а веднаш потоа открија дека чекаат бебе.
Погледнете видеа од свадбата на Богдан и Јована:
А. Ј. | Црнобело