Саша Ковачевиќ за CRNOBELO: „Никој не ми е поблизок од брат ми, за него би го дал и животот“

„За себе би рекол дека сум многу здодевен тип. Мирен сум и сега сум во некои години кога веќе немам потреба да излегувам. Си го најдов својот мир со поубавата половина, со нашата малечка, покрај својот брат, со семејството“, вели Саша Ковачевиќ во интервју за CRNOBELO.com.

sasha-kovachevikj-za-crnobelo-nikoj-ne-mi-e-poblizok-od-brat-mi-za-nego-bi-go-dal-i-zhivotot-01.jpg

Српскиот пејач Саша Ковачевиќ важи за еден од најголемите шармери на регионалната сцена, кого подеднакво го сакаат и почитуваат и мажите и жените.

Иако ненаспан по настапот во една скопска дискотека, на интервјуто за CRNOBELO.com (кое го правевме пред празниците), дојде расположен и не ја симна насмевката од лицето.

Непосреден и искрен, вели дека не се сеќава да дошол во Македонија, а да не си поминал убаво.

„Ма, јас сум ти пензионер. Концертот вчера почна во 2, и беше одличен. Мислам дека се вратив утрово во 5 во хотел. А да не пеев, во 2 ќе бев одамна заспан“, ми вели низ смеа.

За себе вели и дека не е скандалозен тип, но дека ни после 20 години кариера, сè уште не е имун на невистините што ќе ги прочита за себе.

sasha-kovachevikj-za-crnobelo-nikoj-ne-mi-e-poblizok-od-brat-mi-za-nego-bi-go-dal-i-zhivotot-21.jpg

За музиката, близината со брат му, девојката Зорана, за ресторанот кој го отвори во Белград, но и кој е спортот на кој сака да му се врати по долги години пауза, прочитајте во разговорот:

Многу често си во Скопје и Македонија... Имаш ли блиски луѓе тука? Има ли некои места и луѓе кои никогаш не пропушташ да ги видиш кога си тука?

Апсолутно. Јас многу често настапувам во градовите низ земјава и имам познаници и пријатели кои ги стекнав низ годините, луѓе кои сакам да ги видам кога сум тука.

За Македонците секогаш велам дека се луѓе со посебна емоција, енергија, талент.

Мислам дека, кај вас, и некој човек што ќе го запознаете на улица, утре може да ви биде кум. Јас, барем се чувствувам така.

Не знам, кога ќе дојде некој во Србија можеби ќе стекне некој сличен впечаток затоа што не е оттаму - кога живееш во Србија тоа го гледаш сигурно поинаку.

Јас имам голема почит кон Македонците, зашто уште од почетокот на кариерата ми ги отворивте ширум рацете и ме примивте в прегратки, така што преку 20 години „траеме“ заедно.

А што се однесува до пријателите кај вас, ги има многу.

Еве, синоќа пред настапот имав време да се видам со Огнен Здравковски, кој ми е еден од најдобрите пријатели во Македонија.

sasha-kovachevikj-za-crnobelo-nikoj-ne-mi-e-poblizok-od-brat-mi-za-nego-bi-go-dal-i-zhivotot-03.jpg

Што ти е омилено кај нас?

Храната ви е спектакуларна, а јас ја обожавам вашата скара.

Со дечките од бендот секогаш се радуваме кога знаеме дека имаме настап во Македонија, зашто знаеме дека добро ќе се јаде.

И како што кажав - тука е и енергијата што ја поседувате, а која не ја поседуваат сите народи околу нас.

sasha-kovachevikj-za-crnobelo-nikoj-ne-mi-e-poblizok-od-brat-mi-za-nego-bi-go-dal-i-zhivotot-04.jpg

Во овие 20+ години кариера и многуте песни што си ги испеал, која твоја песна ти е омилена и има посебно значење за тебе?

Никогаш не знам да одговорам на ова прашање, од причина што секоја песна е посветена на одреден период од животот, на некоја состојба или моментална емоција.

Но, ми се случува флешбек кога ќе слушнам некоја своја постара песна на радио, и ми се враќа во главата целиот тој период од животот, и како сум ја снимал, и каде сум ја снимал...

И затоа не можам да кажам дека една песна ми е фаворит, бидејќи секоја одбележува некој период од моето минато.        

sasha-kovachevikj-za-crnobelo-nikoj-ne-mi-e-poblizok-od-brat-mi-za-nego-bi-go-dal-i-zhivotot-07.jpg

Имаш ли тогаш песна што ти е посветена за некого?

Па не, верувај, ниедна. Повеќето песни ги правам заедно со мојот брат, барем што се однесува до аранжманот.

А во однос на текстовите - луѓето секогаш се пронаоѓаат и се врзуваат за некој текст, но тоа се зборови кои го инспирирале текстописецот.

Нормално, пред да почне да ја пишува песната, текстописецот и јас разговараме, јас кажувам каква тематика би сакал да има и како ја доживувам јас музиката и потоа го оставам да си ја пушти фантазијата и да напише текст што ќе го води него.

sasha-kovachevikj-za-crnobelo-nikoj-ne-mi-e-poblizok-od-brat-mi-za-nego-bi-go-dal-i-zhivotot-11.jpg

А се случува ли некогаш некој да ти понуди песна, но да ја одбиеш, зашто сметаш дека не е за тебе и твојот сензибилитет?

Повеќето песни што сум ги испеал се направени во нашето студио, моето и на брат ми, но да, се случува композитори да ми понудат некоја песна.

Имало случаи да ми понудат песна која денес е хит, но јас да не сум ја прифатил, затоа што, едноставно, нешто во неа не било по мој мерак, не ме допрела.

И тоа е легитимно. Некој ќе ми рече „си пропуштил хит“. Не, не сум пропуштил хит, песната не ми била судена.

sasha-kovachevikj-za-crnobelo-nikoj-ne-mi-e-poblizok-od-brat-mi-za-nego-bi-go-dal-i-zhivotot-15.jpg

Ти ги снимаш едни од најубавите спотови во регионот, секогаш филмски или на различни дестинации низ светот. Па имам две прашања: дали ќе пуштиш спот во јавноста ако не си 100% задоволен и кое снимање ти било најзабавно и зошто?

Прво, ти благодарам за убавите зборови.

Во однос на тоа дали може да се случи да сум незадоволен макар и од некој сегмент од некој спот - тоа не ми се случува, бидејќи јас учествувам во создавањето на секој сегмент на мојот спот.

Соработувам со режисерот, го правиме заедно сценариото, учествувам во бирањето на актерите и статистите во спотовите, помагам дури и околу опремата што се носи на сетот за да бидам сигурен дека сè е на место.

Потоа сум вклучен и во постпродукцијата, односно во монтирањето на видеото, го имам пред себе секој кадар.

Јас од самиот почеток знам што сакам и се трудам тоа да го добијам на крајот.

Секако, се случувало нешто да не ми се допадне, на пример мојата глума, мојата интеракција со некого, или некоја фацијална експресија, но затоа седам, сецкам фрејм по фрејм и бирам она што мислам дека е најдобро.

sasha-kovachevikj-za-crnobelo-nikoj-ne-mi-e-poblizok-od-brat-mi-za-nego-bi-go-dal-i-zhivotot-17.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg