Нема куќна помошничка, не следи мода: Која е бившата сопруга на Дејан Станковиќ, што ја остави за друга по 23 години брак?

„Се заљубив штом ја видов, почувствував дека тоа е тоа. Кога му кажав на нејзиниот брат, малку фалеше да ми удри бокс. Но, верувам дека без неа не би бил комплетен“, изјавуваше своевремено познатиот фудбалер за екс-сопругата која ја засакал на 19 години.

nema-kukjna-pomoshnichka-ne-sledi-moda-koja-e-bivshata-sopruga-na-dejan-stankovikj-shto-ja-ostavi-za-druga-po-23-godini-brak-01.jpg

Еден од најпознатите фудбалери во поранешна Југославија, Дејан Станковиќ, пред една година тајно се развел од сопругата Ана по 23 години брак, а јавноста за тоа дозна неодамна.

Парот има три сина - Стефан, Филип и Александар, кои се веќе возрасни луѓе.

nema-kukjna-pomoshnichka-ne-sledi-moda-koja-e-bivshata-sopruga-na-dejan-stankovikj-shto-ja-ostavi-za-druga-po-23-godini-brak-04.jpg

Дејан Станковиќ и Ана се разделиле пред околу една и пол година.

Иако не е позната причината за разводот, многумина сметаат дека е во прашање далечината, бидејќи екс-фудбалерот се врати да живее во Србија и да биде тренер на „Црвена ѕвезда“, а Ана со децата остана во Рим.

nema-kukjna-pomoshnichka-ne-sledi-moda-koja-e-bivshata-sopruga-na-dejan-stankovikj-shto-ja-ostavi-za-druga-po-23-godini-brak-08.jpg

Станковиќ повеќе од една година има нова девојка (некои велат дека поради и неа ја оставил сопругата).

Иако не е познато која е, регионалните медиуми пишуваат дека станува збор за новинарка од Словенија, која е бремена и со која Дејан го очекува своето четврто дете, но и дека тие планираат да се венчаат наскоро.

nema-kukjna-pomoshnichka-ne-sledi-moda-koja-e-bivshata-sopruga-na-dejan-stankovikj-shto-ja-ostavi-za-druga-po-23-godini-brak-15.jpg

Што знаеме за Ана, жената со која Дејан Станковиќ беше во брак?

Ана повеќе од 2 децении му беше голема поддршка на екс-фудбалерот - и кога беше на врвот на кариерата, но и кога имаше спортски кризи и како играч и како тренер.

nema-kukjna-pomoshnichka-ne-sledi-moda-koja-e-bivshata-sopruga-na-dejan-stankovikj-shto-ja-ostavi-za-druga-po-23-godini-brak-02.jpg

За неа Дејан изјавуваше дека ја засакал уште кога ја видел првпат, на свои 19 години и дека тоа што се оженил со неа е најдобрата работа што му се случила во животот.

„Се заљубив штом ја видов, почувствував дека тоа е тоа. А кога му го кажав тоа на нејзиниот брат, малку фалеше да ми удри бокс. Но, верувам дека без неа не би бил комплетен“, изјави Станковиќ.

Ана е сестра на Миленко Аќимовиќ, поранешен соиграч на Дејан.

Таа никогаш не била „типична“ сопруга на фудбалер.

nema-kukjna-pomoshnichka-ne-sledi-moda-koja-e-bivshata-sopruga-na-dejan-stankovikj-shto-ja-ostavi-za-druga-po-23-godini-brak-11_copy.jpg

И покрај тоа што живееја во Рим, во времето кога Станковиќ играше за Lazio, таа не сакала скапи работи, а никогаш не ги следела слепо модните трендови, ниту, пак, ја интересирала модата.

Таа никогаш не сакала да се експонира јавно и приватниот живот и децата ги држела подалеку од очите на јавноста.

nema-kukjna-pomoshnichka-ne-sledi-moda-koja-e-bivshata-sopruga-na-dejan-stankovikj-shto-ja-ostavi-za-druga-po-23-godini-brak-05.jpg

Ана од самиот почеток му била посветена на Дејан и на синовите и своето време го поминувала токму со нив.

Таа сама се грижела за домаќинството и немала куќна помошничка која би ѝ помагала околу чистењето на домот или подготвувањето храна.

Повеќе фотографии од Ана и Дејан:

nema-kukjna-pomoshnichka-ne-sledi-moda-koja-e-bivshata-sopruga-na-dejan-stankovikj-shto-ja-ostavi-za-druga-po-23-godini-brak-06.jpg

nema-kukjna-pomoshnichka-ne-sledi-moda-koja-e-bivshata-sopruga-na-dejan-stankovikj-shto-ja-ostavi-za-druga-po-23-godini-brak-14.jpg

nema-kukjna-pomoshnichka-ne-sledi-moda-koja-e-bivshata-sopruga-na-dejan-stankovikj-shto-ja-ostavi-za-druga-po-23-godini-brak-12.jpg

nema-kukjna-pomoshnichka-ne-sledi-moda-koja-e-bivshata-sopruga-na-dejan-stankovikj-shto-ja-ostavi-za-druga-po-23-godini-brak-10.jpg

А. Ј. | Црнобело / фото: Инстаграм

Би можело да ве интересира:

Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Пар од шоуто „Задруга“ на раб на егзистенција: Двајцата се тешко болни, имаат 6 деца Раде и Рада Васиќ се брачен пар од Србија кој се прослави со контроверзното ре...
Бившиот ја изневерил со Едита, денес е среќно мажена со две деца - Што прави Ана Бебиќ од „Операција... Ја поврзуваа речиси со сите учесници во „Операција Триумф“, па потоа 6 години бе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg