Павле Васиљевиќ од „Пинкови ѕвездички“ порасна - Се сеќавате ли на слаткото момче што го шармираше регионот?

„Животот ми се продолжува за 10 минути секојпат кога некој ќе ме праша дали сум оној малиот Павле од ‘Пинкови ѕвездички’,“ вели момчето кој на 6-годишна возраст освојуваше со својот шарм.

pavle-vasiljevikj-od-pinkovi-dzvezdichki-porasna-se-sekjavate-li-na-slatkoto-momche-shto-go-sharmirashe-regionot-01.jpg

Кога во 2014-та година Павле Васиљевиќ од Крагуевац првпат застана на сцената на „Пинкови ѕвездички“, со своето гласче и појава го шармираше жирито, но и сите што го гледаа оваа музичко шоу за деца со талент за пеење.

Десет години подоцна, Павле е пораснат тинејџер, со видно изменет лик.

pavle-vasiljevikj-od-pinkovi-dzvezdichki-porasna-se-sekjavate-li-na-slatkoto-momche-shto-go-sharmirashe-regionot-08.jpg

Токму затоа многумина не го препознаа кога почна да се натпреварува во IDJ Show, каде нашиот Дарко Димитров е дел од жирито.

Павле и понатаму пее одлично и освојува со својот глас, а подеднакво е шармантен и како кога беше дете.

pavle-vasiljevikj-od-pinkovi-dzvezdichki-porasna-se-sekjavate-li-na-slatkoto-momche-shto-go-sharmirashe-regionot-07.jpg

Тој во изјавите често знае да каже дека кога ќе порасне сака да биде вистинска музичка ѕвезда.

И понатаму живее во Крагуевац, оди во средно училиште, а освен што пее, Павле и свири.

pavle-vasiljevikj-od-pinkovi-dzvezdichki-porasna-se-sekjavate-li-na-slatkoto-momche-shto-go-sharmirashe-regionot-05.jpg

Тој на својот Инстаграм често споделува видеа од своите настапи во музичките шоуа, а сега се потсети и на еден свој настап во „Пинкови ѕвездички“, каде што ја пее евровизиската „Лејла“ од Хари Варешановиќ.

Неодамна сподели видео на ТикТок на кое пее, па вели:

„Животот ми се продолжува за 10 минути секојпат кога некој ќе ме праша дали сум оној малиот Павле од ‘Пинкови ѕвездички’“.

А, ја испеа и „Полско цвеќе“ од Тоше Проески, за која доби многу позитивни коментари:

@pvasiljevic

JEDAN JE TOŠE!🤍#toseproeski #poljskocvijece #voiceeffects #fyp

♬ original sound - pvasiljevic

Погледнете повеќе фотографии и видеа од Павле:

pavle-vasiljevikj-od-pinkovi-dzvezdichki-porasna-se-sekjavate-li-na-slatkoto-momche-shto-go-sharmirashe-regionot-06.jpg

pavle-vasiljevikj-od-pinkovi-dzvezdichki-porasna-se-sekjavate-li-na-slatkoto-momche-shto-go-sharmirashe-regionot-04_copy.jpg

pavle-vasiljevikj-od-pinkovi-dzvezdichki-porasna-se-sekjavate-li-na-slatkoto-momche-shto-go-sharmirashe-regionot-03.jpg

pavle-vasiljevikj-od-pinkovi-dzvezdichki-porasna-se-sekjavate-li-na-slatkoto-momche-shto-go-sharmirashe-regionot-02.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Милош Биковиќ доби син: „Дури откако ќе станеш родител почнуваш да растеш“ „Ние прво мислиме дека треба да пораснеме за да добиеме дете, но тука има една с...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Се родил без знаци на живот, мислеле дека ќе има трајни последици – Како изгледа денес постариот бра... Познато е дека српскиот музичар Михајло Веруовиќ Војаж ретко споделува детали од...
Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
Марија Шерифовиќ покажа како изгледал патот со синот од САД до дома: „Најстресното искуство во мојот... „Засега сѐ оди лесно, но мора да кажам дека ова ми е најстресниот ден во животот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg