Марија Шерифовиќ го прослави 1-иот роденден на синот - со костими во тон со извезени имиња
- Детали
- четврток, 05 декември 2024
„Некој да ми кажеше дека е возможно вака да се сака – ќе му кажев дека не е нормален!“, напиша Марија на Инстаграм и сподели фотки од нивните модно усогласени стајлинзи.
Марија Шерифовиќ го прослави 1-иот роденден на нејзиниот син Марио. За прославата двајцата беа облечени во исти костими, кои Марија специјално ги нарачала и на кои ги пишува нивните имиња и датумот на роденденот на Марио – 1-ви декември.
Гордата мајка сè уште не го објавува лицето на Марио за да го заштити неговиот идентитет, но со задоволство споделува детали од нивното секојдневие.
Шерифовиќ организираше интимна прослава за нејзиниот најблизок круг на луѓе, а на Инстаграм Стори сподели и како изгледала декорацијата со балони за нејзиниот „Супер Марио“.
„Мал мој ајде јас и ти полека во твојата втора година.
Зад мене е годината со најголеми промени. Емотивни првенствено. Некој да ми кажеше дека е возможно вака да се сака – ќе му кажев дека не е нормален!
Семејство, кумови, пријатели, колеги, ви благодарам на честитките. Ве сакаме!“.
Стајлингот на Марија и Марио:
С. С. | Црнобело