Марија Шерифовиќ го одбележа 40-тиот роденден со синот: „Тој ми е најголем подарок – мој принц и учител“

„Секоја година ми даде нешто драгоцено – лекции, љубов, сила. Но, најголемиот подарок кој животот ми го подари е мојот син. Моето сонце. Мојот мал Принц. Мојот мал учител. Му благодарам на животот за сите искуства, за сите луѓе кои поминаа низ мојот живот“ - напиша Марија до фотките со синчето по повод 40-тиот роденден. 

marija-sherifovikj-go-proslavi-40-tiot-rodenden-so-sinot-patuvanje-ispolneto-so-predizvici-i-pobedi-01.jpg

Марија Шерифовиќ денес наполни 40 години, а по повод нејзиниот јубилеен роденден, на Инстаграм објави фотки со синот Марио, кој е нејзината најголема радост.

На едната фотка тие се на плажа, а на другата, позираат со роденденски капи на главата.

Мајчинството целосно ја промени Марија, а за својот јубилеј, во описот на објавата таа емотивно напиша:

„Четириесет години... Патување исполнето со предизвици и победи.

Секоја година ми даде нешто драгоцено – лекции, љубов, сила, а понекогаш и тишина која ме потсети на тоа колку е важно да застанеш и да бидеш благодарен.

Но, најголемиот подарок кој животот ми го подари е мојот син. Моето сонце и најубави зраци. Мојот мал Принц. Мојот мал учител.

Тој е причината заради која секој момент добива длабоко значење.

marija-sherifovikj-go-proslavi-40-tiot-rodenden-so-sinot-patuvanje-ispolneto-so-predizvici-i-pobedi-02.jpg

Му благодарам на животот за сите искуства, за сите луѓе кои поминаа низ мојот живот, за секој момент кој ме обликуваше како личност.

Оние кои го сочинуваат мојот живот денес се сè што ми треба. Нека следните четири децении бидат уште подлабоки и уште поблиски до она што во суштина значи да се живее.

На секој чекор, со благодарност во срцето.

Живели! Ве сака, М.“

Неодамна, пред спектакуларниот концерт во Скопје, во интервју за CRNOBELO.com, во пресрет на 40-тиот роденден, Марија призна:

„Ма не, не ме плашат годините. Само е важно секој ден да оставаме по некоја убава трага зад нас, да се трудиме да бидеме што подобри луѓе од ден на ден. Само тоа ни преостанува.

А за роденденот, ќе си посакам здравје, трпение и мудрост“.

Прочитајте повеќе: Марија Шерифовиќ за CRNOBELO: „Сите мајки за своите деца велат дека се најмили, ама мојот син е љубов“

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ објави песна посветена на синот Марио: „Ја пишував додека сонував за него“ Само неколку дена откако стана мајка, Марија Шерифовиќ ја објави првата песна шт...
Први фотки од синчето на Марија Шерифовиќ – го држи во прегратка и го шета на плажа Во костим за капење и маица, Марија Шерифовиќ го прегрнува и нишка своето синче ...
Марија Шерифовиќ сподели нови фотки од синот Марио – На 9 месеци застанал на нозе, ја носи кошулата ... „Умирам за него, не можам да живеам без него“ – призна мајката на Марија Шерифов...
Марија Шерифовиќ покажа како изгледал патот со синот од САД до дома: „Најстресното искуство во мојот... „Засега сѐ оди лесно, но мора да кажам дека ова ми е најстресниот ден во животот...
Огромни маскоти како лав и жирафа, торта со мече – Бајковит прв роденден на синот на Марија Микиќ Српската пејачка Марија Микиќ со второто дете остана бремена само еден месец по ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg