„Бресквице, што ти се случи?“ – Фановите разочарани откако пејачката почна да пее песни од Аца Лукас
- Детали
- вторник, 06 август 2024
„Што ти се случило?“ – ја прашуваат фановите Бресквица откако таа одлучи целосно да го промени правецот на кариерата и сега пее песни од Аца Лукас на концерти. „Не бидете завидливи и занимавајте се со сопствениот живот“ – им порача пејачката.
Српската пејачка Ангела Игњатовиќ Бресквица кариерата ја започна како трап пејачка, а се прослави заедно со нејзиниот поранешен дечко Марко Веруовиќ – Војаж.
Но, по настапот за Избор за песна за Евровизија во Белград, каде нејзината песна „Орлово гнездо“ не се пласира за престижниот натпревар, Бресквица одлучи да сврти нова страница.
Прочитајте и Бресквица е висока само 160cm, а играла кошарка – Детали за пејачката, фаворит на српскиот избор за песна на Евровизија
Наместо да продолжи со трап стил на пеење со аутотјун, по којшто беше препознатлива, таа почна да снима (турбо) фолк песни, го смени имиџот, но и реперотарот со којшто настапува кога оди низ клубовите.
Песните „Čini“ и „Crni šećer“ во голема мера се разликуваат од музиката што таа во минатото ја креираше, а деновиве на социјалните мрежи кружи видео на кое се гледа дека таа пред публиката пее песна од Аца Лукас.
@balkanskezvezdetine Kako, zašto? Nevjerojatno kako se jedna tako prelepa devojka srozala na ovakav nivo. #Breskvica #Live #Nastup
♬ original sound - balkanskezvezdetine
Голем број од нејзините фанови се прашуваат што ѝ се случило на младата српска пејачка и зошто толку нагло го променила стилот, а други коментираат дека конечно сфатила што е добра музика.
Трети пак, го коментираат нејзиниот талент за пеење и дека настаопот е ужасен, на што пејачката одговори:
„Ништо (не ми се случило) уживам во животот и во работата. Луѓето по мојот настап ми приоѓаат и ми зборуваат дека никогаш не си поминале подобро и тоа е единственото што ми е релевантно, кога станува збор за коментарите за мене и за мојата работа.
Би ти препорачала да дојдеш и да видиш колку некој навистина може да се труди и кога е со температура, како што имав јас на таа снимка.
Не коментирам речиси никогаш на вакви глупости, но некогаш знае искрено да ме изнервира колку луѓето зборуваат глупости, а немаат поим колку на пејачите може да им биде тешко и напорно.
Само размислете како се чувствувате „претепано“ кога патувате неколку часа некаде, а потоа сетете се дека ние патуваме секојдневно по неколку часа, а потоа навечер пееме по 2 или повеќе часа.
Треба да имаме енергија во себе, што мораме да им ја пренесеме на неколку стотици или илјадници луѓе, иако тој ден не сме расположени.
А замислете уште ако сте женско какви сѐ други проблеми може да се појават и да го отежнат сето тоа.
Секоја работа има своја тежина, само што за оваа нашата сите сметаат дека можат јавно да коментираат без трошка срам додека се кријат зад своите телефони и лажни профили.
Ве сакам многу, не бидете завидливи и занимавајте се со сопствениот живот, за промена. Ќе бидете многу посреќни, а потоа дојдете на мојот настап и забавувајте најдобро на светот“ – порача таа.
Инаку Бресквица деновиве настапува низ Црна Гора, каде што е заедно со нејзиниот дечко.
Прочитајте и Бресквица (21) по гласините дека тајно се свршила со новиот дечко: „Подготвена сум да се омажам“
Б. С. Б. | Црнобело