„Знаев дека нема да победам“ – Бресквица искрена за изборот за песна за Евровизија, додека фановите организираат протести

„Мислев дека ќе бидам тажна, но не сум!“ – Бресквица за првпат имаше гостување во емисија по изборот за српски претставник на Евровизија, а како што рече, уште истата вечер знаела дека нема да победи, но дека веќе нема намера да учествува на ова натпреварување.

znaev-deka-nema-da-pobedam-breskvica-iskrena-za-izborot-za-pesna-za-evrovizija-dodeka-fanovite-organiziraat-protesti-01.jpg

Српската пејачка Ангела Игњатовиќ Бресквица важеше за голем фаворит на изборот за Песна за Евровизија во Србија, но нејзината песна „Гнездо орлова“ го освои второто место.

znaev-deka-nema-da-pobedam-breskvica-iskrena-za-izborot-za-pesna-za-evrovizija-dodeka-fanovite-organiziraat-protesti-02_copy.jpg

Таа гостуваше во емисија „Амиџи шоу“ на Огњен Амиџиќ, каде ги откри своите впечатоци од натпреварувањето, но и повеќе детали за тоа како се чувствувала во моментот кога сфатила дека сепак нема да оди во Малме, Шведска за да ја претставува својата земја.

znaev-deka-nema-da-pobedam-breskvica-iskrena-za-izborot-za-pesna-za-evrovizija-dodeka-fanovite-organiziraat-protesti-07.jpg

Бресквица призна дека победничката на изборот, Теодора Павловска, попозната како Теја Дора, била нејзин фаворит, и дека таа имала претчувство дека нема да победи на изборот.

„Јас веќе нема да учествувам! Тоа е натпревар каде што се пријавив еднаш и нема потреба да се пријавувам повеќе. Не ми беше криво, си имам јас некаква своја интуиција, знаев дека нема да пројдам, почувствував.

Мислев дека ќе бидам тажна, но не сум!“ – рече таа и додаде дека песната на Теја Дора „Рамонда“ ѝ била фаворит по нејзината „Гнездо орлова.“

znaev-deka-nema-da-pobedam-breskvica-iskrena-za-izborot-za-pesna-za-evrovizija-dodeka-fanovite-organiziraat-protesti-03.jpg

Инаку, по финалната вечер на Песна за Евровизија, пред зградата на Собранието се појави транспарент „Правда за Бресквица“, а на социјалните мрежи се шири повик за протест пред зградата на РТС на 9-ти март.

znaev-deka-nema-da-pobedam-breskvica-iskrena-za-izborot-za-pesna-za-evrovizija-dodeka-fanovite-organiziraat-protesti-05.jpg

Младите сметаат дека Бресквица треба да ја претставува нивната земја во Шведска затоа што таа собра најмногу гласови од публиката, но пејачката сега порача дека воопшто нема да се појави на протестот.

„Јас работам на 9-ти во Цирих. Не можам да стигнам и на едното и на другото место.

Шега настрана, нема потреба (од протести).

Тоа е приказна што за мене се заврши, нема потреба што да се зборува понатаму, весела сум, горда сум, не сум повредена и тоа е тоа“ – порача Бресквица.

За потсетување, пред изборот, Бресквица важеше за голем фаворит, а голема прашина се крена околу нејзината песна затоа што многумина коментираа дека е националистичка.

Таа во емисијата рече оти смета дека гласањето било фер и дека не било наместено и според неа, победила Теја Дора која била подобра.

Прочитајте и Бресквица е висока само 160cm, а играла кошарка – Детали за пејачката, фаворит на српскиот избор за песна на Евровизија

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ведрана Рудан објави дека боледува од рак: „Животот е убав и кога смртта ќе ти тропне на врата“ „Денес престанувам да пишувам на блогот, затоа што ќе се посветам на лекувањето ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...
Наташа од „Фрајле“ со трогателна исповед: „Брат ми се самоуби, додека јас бев во соба до неговата“ „Буквално денот пред да си го одземе животот брат ми Рале (26) се шегуваше со мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg