Бресквица (21) по гласините дека тајно се свршила со новиот дечко: „Подготвена сум да се омажам“
- Детали
- среда, 22 февруари 2023
„Кога не доаѓа со мене на настапи, едвај чекам да се вратам дома“ – вели за новиот дечко, српската пејачка Ангела Игњатовиќ - Бресквица. Многумина велат дека нејзиниот нов дечко наликува на „набилдан Војаж“, а таа за првпат јавно сподели неколку детали за нивната врска.
Српската пејачка Ангела Игњатовиќ (21), која е попозната како Бресквица, гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“ кај Огњен Амиџиќ, каде одговараше на некои прашања поврзани и со нејзиниот приватен живот.
Ангела призна дека денес воопшто не разговара со бившиот дечко Марко Веруовиќ Војаж, кој воедно ѝ помогна да ја изгради музичката кариера, а за првпат сподели и неколку детали за нејзиниот нов дечко.
На прашањето кој дечко најмногу го сакала во животот, сите очекуваа дека ќе го спомне името на Војаж, но таа ги изненади сите и призна дека тоа е нејзиниот нов дечко Немања, за кого многумина коментираат дека налиукува на „набилдан Војаж“.
Таа одби да раскаже како се запознале, затоа што ја почитува неговата приватност.
„За месец дена ќе прославиме две години како сме заедно. Наша тајна е како се запознавме, тоа не смеам да го откријам, но тој е постар од мене 6 години“ – откри таа.
Во изминатиот период, Бресквица честопати споделуваше заеднички фотографии со новиот дечко на кои ставаше емотикони со свршенички прстени, со што ги подгреа гласините дека е можно наскоро да стапи во брак.
Бресквица рече дека нејзиниот нов дечко колку може почесто ја придружува на патувањата за настапите и дека има разбирање за нејзината работа.
„Кога може доаѓа со мене, кога не доаѓа, едвај чекам да се вратам дома. Тој моментално најмногу ја сака песната ‘Сава и Дунав’. На сите некако таа ни е најдрага таа песна, не знам зошто.
Подготвена сум да се омажам, кога ќе почувствуваш дека си со вистинската личност, тогаш не е важно кога ќе се случи тоа“ – рече таа.
За Војаж рече дека таа авантура се случувала на почетокот на нејзината кариера и дека секој од нив продолжил по својот пат.
Б. С. Б. | Црнобело