Ја натерал да го остави дечко ѝ за него: Љубовната приказна на Александар Милиќ Мили и сопругата Нина
- Детали
- сабота, 03 февруари 2024
„Од моментот кога ја видов, знаев дека еден ден ќе ми биде сопруга“, има изјавено музичкиот продуцент и композитор Александар Милиќ Мили за неговата сопруга Нина.
Љубовната приказна на Мили и сопругата Нина започнала баш како на филм, а композиторот не крие колку љубовта му го променила животот.
Додека Мили живеел во голема вила во Ужице, Нина, која е десет години помлада од него, живеела и студирала во Италија, каде имала и дечко.
Ги споиле заеднички пријатели, па оттогаш повеќе не се разделиле.
„Тогаш живеев во Ужице, во голема вила од 3.000 метри квадратни. Таму изградив студио и простор за живеење, мојата спална соба беше 250 метри квадратни.
Имав и сопствен парк, обезбедување... Некои француски новинари беа шокирани, прашуваа кој може да живее од музика во Србија вака.
Еден пријател ми ја даде таа вила да ја користам, бидејќи финансиски му помогнав“, изјави Мили за српските медиуми.
За кратко, работите се промениле, па Мили од луксузна вила завршил во студио од 15 квадратни метри во Дорчол, кога и ја запознал својата сегашна сопруга Нина.
„Од моментот кога ја видов, знаев дека еден ден ќе ми биде сопруга. Веќе следниот ден се враќаше во Италија да студира. Веднаш им реков на пријателките: 'Денот кога Нина ќе слета, морам да знам'.
Шест месеци подоцна, таа се враќа за Нова година и заедно ја поминуваме ноќта пред 2004-та. Јас ѝ реков дека ќе одиме утре на вечера и потоа отидовме во кафуле коешто го одбрав јас.
Таму ја прашав дали има дечко, таа рече да, па веднаш ѝ реков: 'Утре да му се јавиш и кажи му дека нема ништо повеќе меѓу вас, дека не е тоа - тоа. Се слушаме околу пладне, доаѓам да те земам и јас и ти никогаш не се разделуваме'“.
„Нејзе ѝ беше смешно, но така беше, тоа ни беше второ видување во животот.
Оттогаш го имаме најсовршениот можен брак, да го нацртав немаше да биде така. Не можев да запознаам поубава и попаметна личност од неа“.
Се вериле во Монако, а една година подоцна направиле и свадба.
„Ќерката Миа е родена во 2006 година, а година и пол подоцна - синот Маркус, кои оттогаш се центарот на нашиот универзум“, има изјавено Мили.
Нина во една пригода откри дека воопшто не зажалила поради тоа што заминала од Италија, оставила сè и завршила во прегратките на Мили:
„Продолжувањето на животот со него изгледаше толку природно што практично немаше дилема. Сè што имав, тогаш оставив поради љубовта, децата, семејството и никогаш не зажалив за тоа“.
Дека во неа е заљубен како и првиот ден говори и фактот што најубавите балади ги напишал благодарение на неа бидејќи, како што самиот вели, таа за него е непресушен извор на инспирација.
„Таа секогаш за мене ќе блеска како сонцето и кога ќе има 80, и сега, и кога првпат ја видов.
Моја сила, мој памет, моја љубов.. моја!“ напиша Мили во една објава на Инстаграм под фотографијата од неговата сопруга.
В. К. | Црнобело