Првата жена пилот во Turkish Airlines: „Мајка ми ми велеше дека ова не е женска професија“

„Бев многу мала кога ѝ кажав на мајка ми дека сакам да бидам пилот, а таа ми одговори дека девојчиња не може да бидат пилоти“, раскажува Емел Арман, која преку 30 години е пилот во Turkish Airlines.

prvata-zhena-pilot-vo-turkish-airlines-majka-mi-mi-veleshe-deka-ova-ne-e-zhenska-profesija-01.jpg

Авиокомпанијата Turkish Airlines, која во 2024 одбележува 91 година постоење, преку документарен филм раскажа за својата долга и успешна работа.

Но, компанијата реши да им оддаде посебна почест и на луѓето кои ја испишаа историјата на Turkish Airlines. Меѓу нив е и Емел Арман, првата жена пилот и првата жена капетан во компанијата, која повеќе од 30 години работи за Turkish Airlines.

prvata-zhena-pilot-vo-turkish-airlines-majka-mi-mi-veleshe-deka-ova-ne-e-zhenska-profesija-01-05.jpg

Емел својот прв лет го имала далечната 1993 година, кога била копилот на еден од комерцијалните летови.

Во 1997 година таа станала првата жена пилот од Турција која го прелетала Атлантскиот Океан, а летала до Њујорк, САД.

Ова не се сите успеси кои Арман ги постигнала во кариерата. На 29 март 2016 таа го предводеше првиот прекуокеански лет на кој во кабината беа две жени.

Копилот на 10-часовниот лет од Чикаго до Истанбул беше Ферихан Ишик.

prvata-zhena-pilot-vo-turkish-airlines-majka-mi-mi-veleshe-deka-ova-ne-e-zhenska-profesija-01-03.jpg

Во документарниот филм на авиокомпанијата, Арман раскажа дел од своите искуства и сеќавања поврзани со работата во Turkish Airlines:

„Детството го поминав во Германија. Таму живеевме до моите 5 години. Од прозорецот на мојот дом со восхит гледав како летаат авионите.

Бев многу мала кога ѝ кажав на мајка ми дека сакам да бидам пилот, а таа ми одговори дека девојчињата не може да бидат пилоти и ме праша од кај ми е идејата за такво нешто.

Сфатив дека единствениот начин да си го исполнам сонот е да одам да студирам во странство.

Ми беше многу возбудливо, бидејќи бев пионер на нешто ново, што дотогаш не се случило кај нас. Иако се чувствував убаво, знаев дека ќе има тешкотии и голема одговорност, па секогаш го давав најдоброто од себе.

prvata-zhena-pilot-vo-turkish-airlines-majka-mi-mi-veleshe-deka-ova-ne-e-zhenska-profesija-01-06.jpg

Денес може да кажам дека капетан Емел и госпоѓа Емел се две сосема различни личности.

Не можам да опишам колку ми се важни Turkish Airlines, бидејќи ми помогнаа да си го остварам сонот.

Откако дипломирав, таму аплицирав за работа. Додека чекав одговор, од компанијата се јавиле кај сите други кандидати, а јас добив одговор дека не можат да ме вработат како пилот, оти кај нив до тој момент жени не управувале со авиони.

Но, дента кога требаше да се полага испитот, влегов во салата заедно со сите мои колеги-мажи и реков дека и јас сакам да им се придружам. Го положив тестот со многу висока оценка, им го привлеков вниманието и ме примија.

prvata-zhena-pilot-vo-turkish-airlines-majka-mi-mi-veleshe-deka-ova-ne-e-zhenska-profesija-01-02.jpg

Во тоа време немаше дизајнирано пилотски униформи за жени, па ми ја дадоа најмалата машка униформа.

Почнав да пилотирам со Airbus 340, слетував на аеродроми кај што никогаш претходно не слетувале авиони кои ги управувала жена. Кога нè пречекуваа, луѓето беа изненадени, но ни честитаа со голем восхит.

Денес, жените имаат голем удел во нашата компанија, а јас сум среќна што сум меѓу пионерите во цела Турција“.

prvata-zhena-pilot-vo-turkish-airlines-majka-mi-mi-veleshe-deka-ova-ne-e-zhenska-profesija-01-04.jpg

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Јелена Карлеуша: „Зад секоја успешна жена стои маж кој ја кочи“ „Мажот може само да ме закочи, да ми го расипе денот. Мене емоциите ме закочуваа...
Пар од шоуто „Задруга“ на раб на егзистенција: Двајцата се тешко болни, имаат 6 деца Раде и Рада Васиќ се брачен пар од Србија кој се прослави со контроверзното ре...
Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...
Муки е пилот од Босна и Херцеговина – вози јахти, јава коњи, свршеник ѝ е на Тања Савиќ (фото) Тој ја обожава својата работа и на Инстаграм споделува како е „небото да ти е ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg