Сакала само секс, му се смеела кога ѝ рекол дека е вљубен во неа – Како 14 години помладиот Раша ја освоил Гоца Тржан?
По 4 годишна врска, Раша и Гоца во 2015-та година застанаа пред матичар и направија свадба, а во 2021-ва година направија и црковна венчавка.
Тие живеат заедно и се грижат за ќерката на пејачката - Лена.
Тие двајца долги години се бореа за потомство, но по неколку неуспешни обиди за ин витро оплодување се откажаа. Пејачката во една пригода откри со која реченица нејзиниот сопруг ѝ докажал дека навистина ја сака.
„Баш ми е гајле дали ќе имам свое биолошко дете, она што ми е најважно сме ти и јас.
Затоа што и Лена, која веќе сега има 15 години еден ден само ќе си замине, ќе нѐ остави, ќе оди по својот пат да создаде свое семејство и тоа дете ако го добиеме или нема да го добиеме, би заминало и би нѐ оставило...
Јас не сакам да те загубам тебе“ – ѝ рекол Раша на сопругата.
Гоца, пак, од друга страна не ги крие сопствените емоции и дека е пресреќна што нејзината желба за авантура вродила со љубовна приказна за која многумина можат само да сонуваат.
Таа на Инстаграм неодамна сподели заедничка фотографија до која напиша:
„Ви посакувам на сите барем еднаш во животот да сакате некого без очекувања, без срам, да можете да бидете вистински и свои, а сепак сакани. Љубовта е слобода, а не жртва.
Љубовта е трка на долги патеки, не е спринт. Љубовта е посветеност, а не толеранција“.
Б. С. Б. | Црнобело