Сакала само секс, му се смеела кога ѝ рекол дека е вљубен во неа – Како 14 години помладиот Раша ја освоил Гоца Тржан?
- Детали
- сабота, 30 декември 2023
„На почетокот, барем што се однесува до мене, тоа не требаше да биде ниту брак, ниту врска на долги патеки, тоа требаше да биде една сексуална авантура“ – со овие зборови Гоца Тржан го опиша почетокот на врската со 14 години помладиот Раша Новаковиќ, со кого е во брак од 2015-та година.
Важи за јавна личност која е секогаш искрена и отворена, која зборува за сите свои проблеми и животни предизвици, а пред 15-тина години најмногу внимание привлече кога јавноста дозна дека е во врска со 14 години помлад дечко.
Гоца тогаш имаше 37 години, а Раша Новаковиќ 23. Со оглед на тоа што веќе зад себе имала еден неуспешен брак со Иван Маринковиќ со кого ја доби ќерката Лена, Гоца вели дека извесен период била сама, а потоа одлучила само да се забавува.
„Раша дојде во мојот бенд како нов член и имаше 23 години. Тој за мене беше детиште“ – рече Гоца во една пригода.
Иако Гоца на почетокот не сакала да му даде шанса, Раша бил упорен и не сакал да попушти сѐ додека не го освоил нејзиното срце.
Младиот тапанар се вљубил во неа од првиот миг кога ја видел и не можел да го тргне погледот од неа.
На почетокот кога ѝ кажал дека има емоции за неа, Гоца се смеела до солзи.
„На почетокот, барем што се однесува до мене, тоа не требаше да биде ниту брак, ниту врска на долги патеки, тоа требаше да биде една сексуална авантура за да ми го потхрани егото, но се покажа дека е поинаку“ – откри пејачката во една пригода.
На почетокот ниту тие самите не верувале дека нивната љубов ќе опстои, а публиката често до нив упатуваше зајадливи и навредливи коментари и никој не веруваше дека тие двајца ќе останат заедно.