Гоца Тржан за бракот со 14 години помладиот Раша: „Не ми е лесно, знае да биде многу напорен“

„Сите мислат дека мене во бракот ми е супер, но мене Раша ме малтретира! Се однесува како дедо од 70 години. Дечкото е хипохондрик“ – се пошегува пејачката за својот сопруг откривајќи ги неговите недостатоци.

goca-trzhan-za-brakot-so-14-godini-pomladiot-rasha-ne-mi-e-lesno-znae-da-bide-mnogu-naporen-01.jpg
фото: Инстаграм

Понекогаш сопрузите знаат да се однесуваат како уште едно дете во семејството, особено кога не се добри или кога се болни, а очигледно со вакви проблеми се соочуваат и познатите дами од регионот. Гоца Тржан, како и вообичаено, беше мошне искрена и на шега појасни како изгледа нејзиниот брачен живот.

Како што пренесува telegraf.rs Гоца Тржан неодамна за српскиот таблоид Skandal дала изјава дека иако сите сметаат дека нејзе ѝ е супер во бракот, сепак воопшто не ѝ е лесно.

„Сите мислат дека мене во бракот ми е супер, но мене Раша ме малтретира! Се однесува како дедо од 70 години. Дечкото е хипохондрик. Постојано нешто му фали.

Ако го касне комарец, тој плаче како дете. Сам себеси си препишува лекови во аптеката, тоа е неподносливо. Ми бара да му подготвам ова и она, па навистина е страшно колку знае да биде напорен и тежок. Го боли овде или онде, го боцка ваму... Верувајте ми, некогаш е навистина е морничаво со него“ – се пожали таа.

Дека оваа изјава во голема мера е само шега на сметка на Раша, говори и фактот што Гоца пред само еден месец (на 17-ти јули) одлучи по вторпат да му го каже судбоносното „Да“ на Раша, а овојпат во црква – пред Бога и пред најблиските.

View this post on Instagram

A post shared by Goca Tržan (@gocatrzan)

„Заедничкиот живот не е само живот на двајца луѓе, ние сме комбинација од нашите семејства, пријатели, познаници и деца. Тие не прават целосни. Затоа на сите ви благодариме за љубовта, поддршката и на разбирањето. Ве сакаме многу“ – порача Гоца на нејзиниот Инстаграм профил по интимната церемонија во црквата „Покров на Пресвета Богородица“ во Белград.

Инаку, Гоца и Раша стапија во брак (пред матичар) во 2015-тата година. Иако постои голема генерациска разлика меѓу нив, пејачката често напоменува дека тие двајца имаат складен брак исполнет со љубов и разбирање.

Прочитајте и Гоца Тржан со години се бори со неплодност: „Искрено го прашав сопругот дали ќе биде со мене ако не му родам дете“

Повеќе фотографии од Гоца и Раша во продолжение:

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Гоца Тржан: „Мојот маж за мене е најдобар и најубав“ „Знаете не е веќе само љубовта доволна, треба мажот да ви се допаѓа за да ве при...
Сакала само секс, му се смеела кога ѝ рекол дека е вљубен во неа  – Како 14 години помладиот Раша ја... „На почетокот, барем што се однесува до мене, тоа не требаше да биде ниту брак, ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
„Те сакам, сине“: Татко напиша порака во снег пред Детската клиника во Белград Пораката што таткото ја напиша во снегот за своето болно дете, предизвика многу ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg