Гоца Тржан со години се бори со неплодност: „Искрено го прашав сопругот дали ќе биде со мене ако не му родам дете“

Популарната српска пејачка Гоца Тржан и нејзиниот сопруг Раша Новаковиќ со години се борат со неплодност. Тие неодамна добија одговор дека и по третпат вонтелесното зачнување не успеало. Тие со години наназад говорат јавно за нивната борба со неплодноста, а овојпат Гоца јавно го искажа своето разочарување.

Goca-Trzan-so-godini-se-bori-so-neplodnost-iskreno-go-prashav-soprugot-dali-kje-bide so-mene-ako-ne-mu-rodam-dete-01.jpg

Тржан и Новаковиќ последен пат беа во една клиника во Прага, од каде се вратија полни надеж дека овојпат ќе успее и конечно ќе станат родители, но за жал и овојпат немаа среќа.

„Немам повеќе сила, не знам дали сакам и понатаму да се обидувам“ - разочарано изјави тогаш пејачката, пренесува Hellomagazin.rs.

Таа вели дека отсекогаш отворено говорела за вонтелесното оплодување за да ги охрабри сите двојки да се борат, но вели дека веќе не може да го прави тоа.

Тржан од претходниот брак има 14 годишна ќерка Лена, но би сакала уште еднаш да стане мајка. Во гостувањето во емисијата „Premijera vikend specijal“ таа отворено говорела за односот со сопругот по тешките мигови.

„’Остварување во улогата на мајка‘ е најлошата флоскула што некогаш сум ја слушнала! Никој не глуми во филм, не се остварувам во улога, јас кога ќе родам дете тоа е за цел живот. Тоа само звучи поважно и подраматично од ’родила дете‘. Ме мотивираат мојата желба, мојот сопруг, моето дете, но мошне е важно да се постават вистинските прашања.

Дали си ти подготвен да бидеш со мене дури и ако не добиеме биолошко дете? Секако дека тоа го прашав Радомир. Тука се појавува проблемот во нашиот однос. Јас имам 14 години повеќе од него и ако сега не успеам да родам, тешко дека тоа ќе го направам за неколку години.

Во ваквите ситуации партнерот мора да биде целосно искрен и сè ќе биде во ред. Не станува збор за недостаток на љубов ако поради тоа ме напушти, туку за искреност и желбата за опстанок и размножување“ – вели таа.

View this post on Instagram

A post shared by Goca Tržan (@gocatrzan)

Таа накратко се осврна и на бракот со Иван Мaринковиќ со кого ја доби 14-годишната ќерка Лена. Таа вели дека не ѝ е жал за тоа што се случил претходниот брак затоа што од него добила дете.

„Секоја грешка би ја повторила за да ја имам неа, затоа што да ја немав, можеби сега не би имала ниту едно дете“ – вели Гоца.

Инаку Гоца и Рашо се во брак од 2015-тата година. Иако постои голема генерациска разлика меѓу нив, сепак пејачката често напоменува дека со него има складен брак исполнет со љубов и разбирање.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Гоца Тржан: „Мојот маж за мене е најдобар и најубав“ „Знаете не е веќе само љубовта доволна, треба мажот да ви се допаѓа за да ве при...
Сама ги воспита, ги учела да не бидат мамини мази – Лидија Вукичевиќ е горда на синовите Кога станува збор за нејзините синови, не пропушта прилика а да не каже дека тие...
Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...
Сакала само секс, му се смеела кога ѝ рекол дека е вљубен во неа  – Како 14 години помладиот Раша ја... „На почетокот, барем што се однесува до мене, тоа не требаше да биде ниту брак, ...
Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg