Гоца Тржан со моќна порака до сите жени што се борат за потомство: „Неплодноста не е само женски проблем“

„Не губете време, затоа што времето за жените е мошне важно. Мажот може да стане родител и на 70 години, а жената не“ – им порача Гоца Тржан на сите жени коишто се борат со неплодност и се обидуваат да станат мајки.

goca-trzhan-so-mokjna-poraka-do-site-zheni-shto-se-borat-za-potomstvo-neplodnosta-ne-e-samo-zhenski-problem-01.jpg

Гоца Тржан (48) освен што има настапи како пејачка, во изминатиот период работи и како водителка на српска телевизија.

goca-trzhan-so-mokjna-poraka-do-site-zheni-shto-se-borat-za-potomstvo-neplodnosta-ne-e-samo-zhenski-problem-02.jpg

За време на својата последна емисија, таа ја отвори душата пред гледачите и упати моќна порака до сите жени кои се во 30-тите и 40-тите години од животот, а се обидуваат да станат мајки.

„Сакам да им порачам на жените кои сакаат да станат мајки, а имаат сопрузи кои не сакаат да се проверат и да се лекуваат, дека треба да бегаат од таков маж, затоа што тој не сака дете.

Од друга страна, кога мажите се целосно здрави, а вие чекате да се случи некаква магија, тоа нема да се случи. Не губете време, затоа што времето за жените е мошне важно. Мажот може да стане родител и на 70 години, а жената не“ – изјави таа.

goca-trzhan-so-mokjna-poraka-do-site-zheni-shto-se-borat-za-potomstvo-neplodnosta-ne-e-samo-zhenski-problem-05.jpg

Пејачката вели дека долги години не се откажала од битката затоа што, како што рече, „таа не е нормална“.

„Тоа е голем ролеркостер од емоции. Мислам дека ако долго време се обидуваш нешто, ќе успееш. Тоа е единствен начин да фатиш некаков ред.

Исто така, потребно е да имате гинеколог и ембриолог кои ќе бидат искрени и ќе ви кажат дека треба да престанете да се обидувате да станете родители со вашите јајце-клетки, туку да одите на донација“ – рече таа.

goca-trzhan-so-mokjna-poraka-do-site-zheni-shto-se-borat-za-potomstvo-neplodnosta-ne-e-samo-zhenski-problem-04.jpg

Инаку, Гоца и нејзиниот 14 години помлад сопруг Раша, веќе 12 години се обидуваат да добијат дете.

Пејачката во неколку наврати отворено зборуваше за нејзината борба за потомство, но сите обиди за ин витро оплодување завршија безуспешно.

Прочитајте и Гоца Тржан по петтиот неуспешен обид за ин витро: „Не ни дозволуваат да посвоиме дете затоа што имам 48 години“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Гоца Тржан: „Мојот маж за мене е најдобар и најубав“ „Знаете не е веќе само љубовта доволна, треба мажот да ви се допаѓа за да ве при...
Сакала само секс, му се смеела кога ѝ рекол дека е вљубен во неа  – Како 14 години помладиот Раша ја... „На почетокот, барем што се однесува до мене, тоа не требаше да биде ниту брак, ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Првата жена пилот во Turkish Airlines: „Мајка ми ми велеше дека ова не е женска професија“ „Бев многу мала кога ѝ кажав на мајка ми дека сакам да бидам пилот, а таа ми одг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg