Софија Мило и Лука Јовиќ заљубени како првиот ден: „Секој ден му благодарам на Бога што те испрати во мојот живот“
- Детали
- вторник, 26 декември 2023
Еден од најубавите српски парови, Софија Милошевиќ и Лука Јовиќ, објавија нови фотки на Инстаграм и покажаа колку се заљубени...
Фудбалерот Лука Јовиќ и моделот Софија Милошевиќ (позната како Софија Мило), важат за еден од најубавите српски парови, кои и покрај скандалите за неверство, живеат во хармонија со своите две деца, синовите Алексеј и Теодор.
Дека ништо не може да им ја наруши среќата, покажа Софија, која на својот Инстаграм објави неколку фотки со сопругот и децата, па му го честита 26-тиот роденден.
„Секој ден му благодарам на Бога што ми испрати толку посебна личност. Луѓето цел живот ја бараат својата втора половина, а јас сум среќна што те пронајдов толку рано.
Ти си посебен на толку многу начини а јас сум среќна што можам да го поминам животот со тебе. Ти благодарам што си таков каков што си, фала ти што се грижиш за нас и најважно, фала ти што нè правиш среќни.
Те сакаме и се гордееме со тебе“, напиша таа на Инстаграм.
Лука, пак, ѝ одговори дека и тој е среќен што се заедно.
„Те сакам и секогаш ќе бидам тука за тебе“, ѝ напиша во коментар.
Лука во моментов игра за AC Milan, а Софија во Милано ја продолжува својата модна кариера, но и работи на новите креации за својот моден бренд.
Тие, според српските медиуми, имаа љубовна криза минатата година (2022), кога се пишуваше дека Софија имала афера со Немања Гудељ, сега сопруг на Анастасија Ражнатовиќ.
Јовиќ и Гудељ ја демантираа аферата така што во време на Светското првенство во Катар често објавуваа заеднички фотки.
Софија претходно ја поврзуваа и со Душко Тошиќ, сопругот на Јелена Карлеуша.