Синот на Огњен Амиџиќ и Данијела Димитровска доби 2 прослави за роденден – Девојката на татко му му подготви посебна торта (фото)
- Детали
- петок, 01 декември 2023
Огњен Амиџиќ и неговата поранешна сопруга Данијела Димитровска го прославија 10-тиот роденден на синот Матеј, а како што може да се види од објавите на социјалните мрежи, детето добило две прослави: една со мајка му и една со татко му.
Данијела Димитровска на Инстаграм објави фотографија со синот Матеј со која му го честита роденденот и до неа напиша:
„Денес овој мал човек покрај мене наполни 10 години и јас сум најсреќната личност на светот!
Ти благодарам што ме избра мене да ти бидам мајка и што од ден во ден ме учиш како да бидам трпелива и како да сакам со сето свое битие. Те сака мама до Месечината и назад“.
Таа објави неколку видеа на Инстаграм Стори, на кои може да се види дека заедно со нејзиниот дечко Јеврем Косниќ на Матеј му приредиле роденденска прослава во ресторан, а момчето доби посебна торта.
Роденденот во домот на татко му бил поинтимен. Бремената девојка на Огњен, Мина Наумовиќ, на Инстаграм Стори објави фотографии на кои се гледа дека Матеј и водителот роденденот го прославиле во домашна атмосфера со роденденски капи и торта на која е изработена декорација која е реплика на нивниот миленик Чаки.
„Мата роденденец. Специјална торта со ликот на нашето куче Чаки“ – напиша таа.
Инаку, Огњен и Мина нетрпеливо ги одбројуваат деновите до раѓањето на нивното дете.
Тие засега не го откриваат полот на бебето, а Огњен во една пригода откри дека планираат да се венчаат на далечна дестинација во кругот на најблиските.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело