Поплавени болници, луѓе заробени во автомобили – Грција се соочува со поплави, по страшните пожари (фото+видео)
- Детали
- вторник, 05 септември 2023
По врнежите кои траеле 10 часа, градот Волос во Грција е едно од најпогодените места каде што има поплавени болници, луѓе заробени во нивните автомобили, но и една жртва.
По невремето кое беше најавено уште вчера, во некои области Грција се соочува со поплави.
Според Greek Reporter, едно од најпогодените места е градот Волос во областа Тесалија, каде врнежите и грмотевиците траеле десет часа.
За жал, од поплавите во градот има и една жртва.
Во градот има и свлекување на земјиште, болниците биле поплавени, а многу луѓе биле заробени во нивните автомобили на поплавените улици.
https://twitter.com/xNewsMonitor/status/1698981665521955005
Поплави има и во Лариса, на островот Скијатос, а се очекува обилните врнежи да траат и во среда.
Во меѓувреме, има предупредување за можни поплави и во други градови, како Солун и Катерини.
Поради врнежите, можно е да се појават поплави и на јужниот дел од Пелопонез, како и во областа околу Атина.
Морничави фотографии и видеа од поплавите и врнежите во Грција, споделени на Твитер:
https://twitter.com/Pseudonym0815/status/1698964608449437811
https://twitter.com/MAZHAR_ALI/status/1698966527536759250
https://twitter.com/PxPx2025/status/1698978141639782797
https://twitter.com/balderdashtale/status/1698931846908637689
https://twitter.com/etcw_intl/status/1698975999231434754
https://twitter.com/xNewsMonitor/status/1698979529438494943
https://twitter.com/wxwommelgem/status/1698839128299774037