Сезоната на бањање во Грција е отворена - Македонци и Срби го преполнија Солун (фото+видео)
- Детали
- понеделник, 08 април 2024
Внуката на Дац, Гаиа, заедно со родителите Јаков и Софија, уживаше во игрите на песок и море во околината на Солун, Миа Костова покажа дека Тијана и синот Андрија веќе влегле во вода – викендов Солун „вриеше“ од Македонци и Срби, кои ја отворија сезоната на бањање во море.
Топлото време ги натера Македонците и Србите да ја отворат сезоната на море и викендов го преполнија Солун и околината.
Но, освен оние кои отидоа за да уживаат во кафе и ручек покрај море, тука беа и похрабрите кои не чекаа долго за да влезат во Егејското Море.
На Инстаграм профилот на GrckaInfo беше објавено видео на кое се снимени многу локалци и туристи како се бањаат во Переа, околината на Солун.
Но, и наши познати личности објавија фотки и видеа од нивното викенд-патување во Солун.
Синот на Драган Спасов Дац, Јаков, заедно со сопругата Софија и 1-годишната ќерка Гаиа, уживаа во сончевите денови на плажа и игрите во песок и море.
Миа Костова викендов исто така го помина во околината на Солун, заедно со Тијана Скулиќ и синот Андрија, кои храбро влегоа во море, и покрај тоа што таа тврди дека било „ладно-кочан“.
Како ги поминувате вие сончевите викенди? Би се бањале ли среде април?
М. М. | Црнобело