Грција одобри истополови бракови и посвојување деца од геј паровите, но не и сурогат мајчинство

„Грција е првата православна земја која одобри истополови бракови“. Во оваа насока одат насловите во речиси сите светски медиуми откако вчера (15.02) во Грчкиот парламент беше изгласан законот со којшто им се одобри на хомосексуалните парови да стапат во брак.

grcija-odobri-istopolovi-brakovi-i-posvojuvanje-deca-od-gej-parovite-no-ne-i-surogat-majchinstvo-01.jpg

Со вкупно 176 гласа „за“ и 76 гласа „против“, вчера во Грчкиот парламент беше донесен законот со којшто ќе се овозможат истополови бракови во Грција.

grcija-odobri-istopolovi-brakovi-i-posvojuvanje-deca-od-gej-parovite-no-ne-i-surogat-majchinstvo-02.jpg

„Ова е огромен чекор напред за човековите права, којшто е одраз на денешна Грција – прогресивна и демократска земја, која е целосно посветена на европските вредности“ – изјави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на Твитер, по гласањето.

grcija-odobri-istopolovi-brakovi-i-posvojuvanje-deca-od-gej-parovite-no-ne-i-surogat-majchinstvo-05.jpg

Дополнително, со новите законски одредби на истополовите парови ќе им биде дозволено да посвојуваат деца.

Инаку, во Грција уште пред десетина година беа дозволени истополови граѓански заедници, но само на биолошките родители им беше дозволено да се грижат за деца, а сега со новите законски измени им се дозволува и на геј паровите да станат родители.

grcija-odobri-istopolovi-brakovi-i-posvojuvanje-deca-od-gej-parovite-no-ne-i-surogat-majchinstvo-04.jpg

Но, иако на паровите им е дозволено да посвојат деца, сепак нема да им дозволат да добиваат потомство со помош на сурогат мајки.

Инаку, вкупно 15 од 27-те земји членки на Европската Унија веќе ги легализирале истополовите бракови.

Сепак, ваквата одлука не е одобрена кај дел од традиционалните граѓани во Грција - иако огромен дел се согласуваат со одобрувањето на истополовите бракови, многумина од нив не се сложуваат со одлуката за овозможување потомство.

grcija-odobri-istopolovi-brakovi-i-posvojuvanje-deca-od-gej-parovite-no-ne-i-surogat-majchinstvo-03.jpg

„Грчката црква пред гласањето упати писмо до парламентарците во кое стои дека со овој закон се ставаат правата на хомосексуалната заедница, пред интересите на идните деца, затоа што ќе биде дозволено 'да бидат израснати во истополови заедници и да пораснат без татко или мајка, во средина каде се измешани родовите улоги'“ – пишува CNN.

Б. С. Б. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Јована Пајиќ, која ја поврзуваа со Марија Шерифовиќ: „Не сум спремна за нова љубов, ги одбивам мажит... „Моите другарки ми најдоа стан за да се преселам. Искрено, имам дупка во ме...
„Не постои противотров за него“ – Турист во Грција почина откако беше каснат од кафеав пајак Местото каде што ве каснал кафеав пајак најчесто наликува на место зафатено со г...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Опасни животни што живеат во плитките води во грчките мориња – на што треба да внимавате? Освен што треба да се пазите од виолетови медузи и дракони, треба да внимавате и...
Најдобриот другар го тужел за пари, ги крие девојките – Што знаеме за грчкиот пејач Никос Вертис? Во 2017-та година се најде среде скандал кога најдобриот другар од детството го ...
Бившиот ја изневерил со Едита, денес е среќно мажена со две деца - Што прави Ана Бебиќ од „Операција... Ја поврзуваа речиси со сите учесници во „Операција Триумф“, па потоа 6 години бе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg