„Се тетерави на сцената, се соблекува“ - Ана Николиќ стана мета на критики по скандалозен настап - пак ги загрижи фановите
- Детали
- четврток, 22 јуни 2023
„Се тетерави на бината, го згреши текстот на сопствената песна, се пресоблекува среде настап, си го мести ременот“ – Ана Николиќ е топ тема на социјалните мрежи откако имаше катастрофален настап во Нови Сад.
Некогаш беше поим за сексапил, а Ана Николиќ во последните неколку години е топ тема заради скандалозните појавувања во јавноста додека е под дејство на алкохол.
Таа неодамна имаше концерт во клуб во Нови Сад, а видео снимките од тој настап кружат на социјалните мрежи. На нив се гледа како пејачката среде настап го вика тапанарот да ѝ помогне за да се пресоблече и да си намести ременот.
„Малку е да се каже дека ова е непрофесионално и огромно непочитување кон публиката... Мене не ми е јасно кој оди на нејзините настапи и како ова ѝ оди од рака“ – стои во описот на Твитот каде што е објавено видеото во кое пејачката се пресоблекува среде настап.
malo je reci da je ovo neprofesionalno i ogromno nepostovanje publike... meni je nejasno ko ide na njene nastupe i kako joj ovo polazi za rukom. U rangu nastupa Miljane Kulic ako ne i za nivo gore. #caosvima #ananikolic pic.twitter.com/DJHqWjqXEE
— VAN COQUE (@looc1f3r) June 19, 2023
Освен ова, објавено е уште едно видео во кое се гледа дека таа го згреши текстот на својата песна „Проверено“, па потоа се правдаше со зборовите „Луѓето грешат“...
Но, коментарите од твитерџиите не одат во прилог на тоа што Ана го покажува пред јавноста. Според нив, однесувањето на Ана потсетува на настапите на Ејми Вајнхаус, а други тврдат дека некој треба да ѝ помогне на оваа жена да се избори со пороците.
„Претажно! Зарем Ана нема никој што ја сака? Кој ќе ѝ помогне“ – стои во еден од твитовите.
„Ана Николиќ на прво место не сака сама себеси да си помогне и тоа е тоа“ – стои во друг.
Ana Nikolić na prvom mestu ne želi sama sebi da pomogne i to je to https://t.co/teE0A2lEPc
— 🌻Sunflower🌻 (@Sundanc00680473) June 20, 2023
Инаку, Ана неодамна во гостување во „Амиџи шоу“ отворено зборуваше за нејзината склоност кон пороците па рече:
„Мојата баба се разведе пред 100 години кога сѐ уште никој не се разведуваше. Таа се разведе затоа што дедо ми беше алкохоличар.
Јас сум како дедо ми, кој почина од алкохол.
Се обидов да го избегнам тоа, но сите ние нешто носиме.
Се обидов, но секогаш се враќаш на тој некој постар модел. Ова е класична ДНК. Се замешала погрешна ДНК. Што да правам“ – рече таа.
Прочитајте и Ѝ фали заб, има лузна на лицето: Ана Николиќ ги загрижи фановите со изгледот и однесувањето
Б. С. Б. | Црнобело