„Свадбата оди во живо и нема место за повторување на церемонијата. Сите се клучни, и статисти и главни улоги. Невестата, зетот, бајрактарот, стариот побратим. Венчавката е реална, се сè прави на ист начин како пред 100 години, сите обичаи, сите адети, сè е исто“ – вели во интервју за CRNOBELO.com Дејан Петровски, кој веќе 35 години е учесник на „Галичка свадба“, а улогата бајрактар ја презел од дедо му и вујко му.