Владимир Четкар за родниот град: „Баба ми и дедо ми живееја близу Чинарот, оттаму ги носам најубавите детски сеќавања“

„Ако во светот постои Бермудскиот триаголник, кај нас локално, постои Заумскиот триаголник полн со мистерии. Тука е измерена најголемата длабочина на езерото, од скоро 300m, а тиркизните бои на водата се сретнуваат со белите камења и зелените падини на Галичица, па добивате чувството дека сте на некој егзотичен остров“, вели Владимир Четкар за серијалот „За мојот роден град“ за CRNOBELO.com.

vladimir-chetkar-za-rodniot-grad-baba-mi-i-dedo-mi-zhiveeja-blizu-chinarot-ottamu-gi-nosam-najubavite-detski-sekjavanja-01.jpg

Еден од најпознатите охриѓани, не само кај нас, туку и во светот, е џез музичарот Владимир Василевски - Четкар.

Иако долги години живее на релација Македонија-САД, во последно време, во поголемиот дел од годината е во родниот град, каде што му е семејството и каде се чувствува најубаво.

vladimir-chetkar-za-rodniot-grad-baba-mi-i-dedo-mi-zhiveeja-blizu-chinarot-ottamu-gi-nosam-najubavite-detski-sekjavanja-10.jpg

Па, неретко може да го видите како вози велосипед по пристаништето, накај Свети Наум или до некоја од плажите близу градот.

vladimir-chetkar-za-rodniot-grad-baba-mi-i-dedo-mi-zhiveeja-blizu-chinarot-ottamu-gi-nosam-najubavite-detski-sekjavanja-08.jpg

А, ако не е таму, тогаш е некаде низ стариот дел од Охрид, да испие кафе, или ужива покрај езерото каде што компонира, бидејќи најголемата инспирација ја наоѓа покрај древното езеро.

vladimir-chetkar-za-rodniot-grad-baba-mi-i-dedo-mi-zhiveeja-blizu-chinarot-ottamu-gi-nosam-najubavite-detski-sekjavanja-12.jpg

А, кои се местата кои му се најубави во и околу родниот град, Четкар открива во разговорот за CRNOBELO.com:

Охридскиот стар чинар

„Милениумското дрво е еден од најпрепознатливите живи симболи на Охрид.

Според една од легендите, ова дрво го засадил самиот свети Климент Охридски, иако дрвото е најверојатно постаро од тоа.

Во негова непосредна близина живееја баба ми и дедо ми и оттаму ги имам најубавите спомени од моето детство.

Кога и да го видам, ми буди емоција и сеќавања на некои безгрижни времиња“.

vladimir-chetkar-za-rodniot-grad-baba-mi-i-dedo-mi-zhiveeja-blizu-chinarot-ottamu-gi-nosam-najubavite-detski-sekjavanja-13.jpg

Перивлепта

„Ова е место кое се наоѓа во срцето на стариот град и е една од моите духовни оази, благодарение на надалеку познатата црква Богородица Перивлепта.

Нејзините фрески се вброени како едни од најзначајните достигнувања и ремек-дела на византиската уметност.

Тука секогаш ја чувствувам енергијата напластена низ вековите, како да комуницира со мене“.

vladimir-chetkar-za-rodniot-grad-baba-mi-i-dedo-mi-zhiveeja-blizu-chinarot-ottamu-gi-nosam-najubavite-detski-sekjavanja-09.jpgфото: Википедија

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Штипјанките Патриција и Андреа (21) за CRNOBELO: „Дечковците порано нè мешаа зашто сме идентични бли... „Би било криминал да имаш идентична близначка, а да не го „злоупотребиш“ тоа во ...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Сашо од Битола за животот на Флорида: „Кога си далеку од дома сè ти недостига – но, не знам дали би ... „Бидејќи работев на брод, беше лесно да извадам туристичка виза и да дојдам посл...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Иван Јованов пред раѓањето на ќерката: „Едвај го чекам мигот кога малиот ангел ќе го земам во раце“ „Доколку се создадат услови да бидам во породилната сала, секако дека ќе присуст...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg