Владимир Четкар за родниот град: „Баба ми и дедо ми живееја близу Чинарот, оттаму ги носам најубавите детски сеќавања“
Свети Наум
„Свети Наум е место од бајките. Со своите природни и историски опкружувања, дава чувство како митовите таму да се сè уште живи.
A доколку верувате во нив, тогаш сигурно верувате и дека тамошните извори се местото каде што се родила легендата за Кадмо и Хармонија и нивната вечна преобразба во јагули“.
Лабино
„Прошетките низ Лабино ми се дел од секојдневието.
Тоа е единственото место во градот кое е нечепнато од урбанизацијата и каде сè уште може да се почувствува природата со сета своја раскош.
Таму често одам кога ми треба мир и кога треба да размислувам за моите музички проекти и предизвици“.
Заум
„Заум уште како дете ми беше мистерија и едно од најегзотичните места на кои сум бил.
Ако во светот постои Бермудскиот триаголник, кај нас тука, локално, постои Заумскиот триаголник полн со мистерии.
Тука е измерена најголемата длабочина на Охридското Езеро, од скоро 300m, и тука, каде прекрасните сини и тиркизни бои на езерото се пресретнуваат со големите бели камења и зелените стрмни падини на величествената Галичица, добивате чувството како да сте некаде на некој егзотичен остров“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело / фото: depositphotos.com