Проф. д-р Сефиданис од Охрид: „Го направивме првиот хуманоиден робот кај нас - проектот чини над 100.000 евра“

„За целосна свесност за 'себе' и околината, роботот користи кластер на сензори, меѓу кои термални сензори за детекција на живи организми, со цел превенција од самоповреда на роботот или повреда на луѓе или животни“, открива проф. д-р Анис Сефиданис од Охрид за импресивниот проект.

prof-d-r-sefidanis-od-ohrid-go-napravivme-prviot-humanoiden-robot-kaj-nas-proektot-chini-nad-100-000-evra-01.jpg

Д-р Анис Сефиданис е професор на Факултетот за машинска интелигенција и роботика при Универзитетот за информатички науки и тхенологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Тој, исто така, е основач на Центарот за истражување и развој на експоненцијални технологии Сефиданис.

Зад себе, д-р Сефиданис има неколку импресивни проекти, како паметниот споменик на Григор Прличев кој се наоѓа во Охрид.

Но, дефинитивно најмногу се истакнува роботот направен во центарот Сефиданис.

Во соработка со инженери и други експерти од областа, д-р Сефиданис го направи првиот хуманоиден робот во Македонија кој „гледа“ и „слуша“, но и прима команди со помош на сензори.

Во интервју за CRNOBELO.com, тој открива како се одвивал процесот на изработка:

Што точно претставува хуманоиден робот?

Хуманоидот на Сефиданис® претставува комплексен автомат, т.е. робот со антропоморфен изглед во природни димензии на човек, кој има можност да учи и совршено да ги емулира моторните и когнитивните способности кај луѓето.

prof-d-r-sefidanis-od-ohrid-go-napravivme-prviot-humanoiden-robot-kaj-nas-proektot-chini-nad-100-000-evra-11.jpg

Од каде воопшто се почнува со планирањето на еден ваков проект и колку време го планиравте пред да почнете со работа?

Пред сè, неопходни се исцрпни научни истражувања од областа на роботиката и вештачката интелигенција, кои воедно се моја специјалност, тема на моите академски учебници и предмети кои ги предавам на Факултетот за машинска интелигенција и роботика, при државниот Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

prof-d-r-sefidanis-od-ohrid-go-napravivme-prviot-humanoiden-robot-kaj-nas-proektot-chini-nad-100-000-evra-02.jpg

Колку луѓе работевте на проектот и колку време го правевте роботот?

Овој проект го промовирав во рамките на првата домашна научна конференција посветена на вештачката интелигенција во 2017-та година, на која воедно бев и претседател на организацискиот одбор како Декан на Факултетот за информатика при Европскиот Универзитет во Скопје.

prof-d-r-sefidanis-od-ohrid-go-napravivme-prviot-humanoiden-robot-kaj-nas-proektot-chini-nad-100-000-evra-3.jpg

Во изминатите години, во различни фази на проектот, вкупно беа вклучени повеќе од 50 луѓе од земјата и странство, меѓу кои студенти од УИНТ Св. Апостол Павле, ФИНКИ, Факултетот за ИКТ при УКЛО од Битола, Машинскиот Факултет од Скопје, Факултет за Арт и дизајн, 

Вклучени беа и правници, социолози, психолози, експерти од областа на безбедноста, доктори по медицина од различни специјалистички области, инженери од машинството и информатиката, дизајнери, уметници, професори и студенти од гимназијата Св. Климент Охридски кои работеа на проектот во рамки на Еразмус програмата, професори и ученици од училиштето Јахја Кемал кои учествуваа на меѓународни натпревари за роботика, и многу други.

prof-d-r-sefidanis-od-ohrid-go-napravivme-prviot-humanoiden-robot-kaj-nas-proektot-chini-nad-100-000-evra-05.jpg

Дали сите делови ги изработивте сами?

Првиот робот хуманоид во Македонија и регионот е целосно произведен во Сефиданис во Охрид, каде користени беа CNC рутери со четири оски, 3Д печатачи со димензии од половина метро на секоја оска, 3Д скенери за мапирање на топологијата на различните делови од анатомијата на роботот.

И, не помалку важно, користен е единствениот суперкомпјутер DGX® на американската компанија NVIDIA®, кој пред неколку години Сефиданис го донесе во државата после остварено меѓународно партнерство и исполнување на условите за набавка на оваа уникатна технологија на моментално најмоќната компанија во светот.

prof-d-r-sefidanis-od-ohrid-go-napravivme-prviot-humanoiden-robot-kaj-nas-proektot-chini-nad-100-000-evra-06.jpg

За што е програмиран – што може да прави? Дали има вештачка интелигенција и дали комуницира? Дали „гледа“ и „слуша“ и како добива команди?

Роботот, како и претходните продукти на Сефиданис®, паметниот споменик на Григор Прличев, Споменикот на иднината, може да препознава говор на кој било јазик и да генерира говор на мноштво светски јазици за непосредна комуникација со корисниците.

За целосна свесност за „себе“ и околината, роботот користи кластер на сензори, меѓу кои оптички сензори за тродимензионално мапирање на простор и детекција на објекти, термални сензори за детекција на врели површини и предмети и детекција на живи организми, со цел превенција од самоповреда на роботот или повреда на луѓе или животни.

Инсталирани се воедно сензори за гас и препознавање на различни мириси, ултразвучни сензори, бројни камери и микрофони за просторно аудио-визуелна интеракција, како и останати мултимедијални интерфејси за микроекспресија и мимикрија на емоционална интелигенција.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Елена од Кавадарци е мејкап артистка во САД: „Не планирав да се селам, тука заработката е поголема и... „Во САД најчесто само невестата, девериците и мајките најмуваат шминкер за свадб...
Младен од Валандово: „Почнав како чистач, денес сум директор на брод, таму ја запознав сопругата од ... „Претходната година се венчавме во Македонија, имавме прекрасна свадба, но ги ис...
Дијана (30) од Тетово живее во Германија: „Сите пластични играчки на синот (2) ги заменив со дрвени,... Разговараме со Дијана (30) од Тетово, која живее во Германија со семејството, а ...
Благица Зикова, мајката на штипската четворка: „Трошиме по 25 пелени на ден, бебињата се мирни и спи... „Најтешко ми беше кога бев сама и немаше кој да ми помогне, па морав да ги храна...
Французинката Олга 2 пати го посети Скопје: „Македонците се прекрасен народ“ „Ми се допадна културата, мешавина помеѓу оксидент и ориент, природата, византис...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg