Лора од Скопје волонтираше на Бали: „Предавав англиски на деца, сакав да им помогнам бидејќи немаат услови“

„Волонтерското искуство не беше бесплатно, плативме за летот и визата, како и мала сума која подоцна се донира на семејствата на децата и нивните училишта. Голем проблем во Индонезија е сиромаштијата и родителите некогаш не ги праќаат децата на училиште, туку ги тераат да работат и да помагаат во семејните работи, особено девојчињата“, раскажува скопјанката Лора за CRNOBELO.com.

lora-od-skopje-volontirashe-na-bali-predavav-angliski-na-deca-lokalci-se-razbiravme-so-race-i-noze-01.jpg

Лора Денковска од Скопје волонтираше на Бали, Индонезија каде што им предаваше англиски јазик на дечиња од трето одделение.

Вели, поттикот за оваа несекојдневна авантура произлегол од желбата за патување.

Но, наместо само да ја посети Индонезија како турист, одлучила да излезе од својата комфорна зона, да ја види убавата земја, но и да им помогне на локалците.

Во интервју за CRNOBELO.com, Лора раскажува за нејзиното искуство и се надева дека ќе поттикне и некој друг да го направи истото.

Целото интервју во продолжение:

Од каде идејата и поттикот за волонтирање?

„People help the people“ (Луѓето им помагаат на луѓето).

Идејата да волонтирам беше резултат на неколку работи: големата страст за патување, желбата да помагам на оние на кои им е потребно и потребата да излезам од мојата комфор зона.

Па така, одлучив да ги искомбинирам овие три работи и, наместо како обичен турист, да патувам со цел.

makedonkata-lora-volontirashe-na-bali-predavav-angliski-na-deca-od-3-to-oddelenie-sami-gi-planiravme-chasovite-bidejkji-nemaa-drugi-nastavnici-06.jpg

Како личност која имала среќа да добие добро образование и да научи англиски јазик, чувствував дека можам да го споделам тоа знаење со други.

Волонтирањето беше мојот начин да вратам на заедницата и да помогнам на оние што немаат пристап до истите можности.

makedonkata-lora-volontirashe-na-bali-predavav-angliski-na-deca-od-3-to-oddelenie-sami-gi-planiravme-chasovite-bidejkji-nemaa-drugi-nastavnici-07.jpg

Зошто баш на Бали?

Бали, познат по своите преубави плажи и богата култура, е место каде што многу деца немаат пристап до квалитетно образование.

Иако е популарна туристичка дестинација, многу од локалните заедници се соочуваат со економски предизвици и недостаток на образовни ресурси.

Одлуката да волонтирам на Бали беше мотивирана од желбата да помогнам во овие заедници и да придонесам кон подобрување на нивната иднина.

makedonkata-lora-volontirashe-na-bali-predavav-angliski-na-deca-od-3-to-oddelenie-sami-gi-planiravme-chasovite-bidejkji-nemaa-drugi-nastavnici-02.jpg

Во руралните делови на Бали, училиштата се недоволно опремени и често недостасуваат квалификувани наставници. Големата сиромаштија создава ограничени можности за каков било развој.

Сепак, желба за учење на децата и нивната способност да се адаптираат и да напредуваат беа инспиративни. Тие ми покажаа дека со малку поддршка и внимание, можат да ги надминат пречките и да достигнат неверојатни височини.

Исто така, морам да додадам дека Бали е многу безбедно место, слободно може сами да се шетате без никој да ве вознемирува.

makedonkata-lora-volontirashe-na-bali-predavav-angliski-na-deca-od-3-to-oddelenie-sami-gi-planiravme-chasovite-bidejkji-nemaa-drugi-nastavnici-10.jpg

Дали беше сама и дали сама го организираше волонтирањето или преку организација или нешто слично?

Интересна приказна е затоа што на почетокот бев подготвена да одам сосема сама, никој од моите пријатели не ми веруваше кога кажував дека сакам да одам и да волонтирам.

Па така, никој не ја сфати мојата одлука сериозно, дури ни моите родители.

Да бидам искрена, и јас бев малку исплашена, сепак беше нешто сосема ново и непознато за мене, но решив да не се откажувам и да одам до крај.

makedonkata-lora-volontirashe-na-bali-predavav-angliski-na-deca-od-3-to-oddelenie-sami-gi-planiravme-chasovite-bidejkji-nemaa-drugi-nastavnici-14.jpg

Неколку недели пред да тргнам, имав среќа што една моја другарка Катерина беше заинтересирана и решивме да одиме заедно.

Отидовме преку меѓународна волонтерска организација наречена IVHQ.

makedonkata-lora-volontirashe-na-bali-predavav-angliski-na-deca-od-3-to-oddelenie-sami-gi-planiravme-chasovite-bidejkji-nemaa-drugi-nastavnici-12.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Матеа од Македонија и Ејдан од Англија се венчаа на Бали: „Наместо да трошиме многу пари за една ноќ... „Кога кажавме дека се откажуваме од големата свадба, нашите родители беа среќни ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg