Дејан Петровски 35 години учествува на „Галичка свадба“: „Зетот секогаш има трема, но трае до првиот удар на тапанот“

„Свадбата оди во живо и нема простор за повторување на церемонијата. Сите се клучни, и статисти и главни улоги. Невестата, зетот, бајрактарот, стариот побратим. Венчавката е реална, сè се прави на ист начин како пред 100 години, сите обичаи, сите адети, сè е исто“ – вели во интервју за CRNOBELO.com Дејан Петровски, кој веќе 35 години е учесник на „Галичка свадба“, а улогата бајрактар ја презел од дедо му и вујко му.

dejan-petrovski-35-godini-uchestvuva-na-galichka-svadba-zetot-sekogash-ima-trema-no-trae-do-prviot-udar-na-tapanot-01.jpg

И годинава, за Петровден, галичани ќе се соберат во родниот крај по повод големата манифестација „Галичка свадба“.

Манифестација која секоја година нè навраќа на минатото и го негува богатото културно наследство на нашите предци.

dejan-petrovski-35-godini-uchestvuva-na-galichka-svadba-zetot-sekogash-ima-trema-no-trae-do-prviot-udar-na-tapanot-03.jpg

Се очекува да присуствуваат и голем број гости, кои ќе имаат можност во живо да го проследат традиционалното стапување во брак на Стефана Димитрова и Даријан Кочоски, а манифестацијата почнува во сабота (13.07) со „фрлање“ три пушки и со виорење и поставување на свадбениот бајрак.

dejan-petrovski-35-godini-uchestvuva-na-galichka-svadba-zetot-sekogash-ima-trema-no-trae-do-prviot-udar-na-tapanot-19.jpg

Освен невестата и младоженецот, секоја година до нив има голем број луѓе кои активно се вклучени во манифестацијата, а меѓу нив е и Дејан Петровски, кој веќе 35 години секоја година работи волонтерски во организирањето, но и во реализацијата на манифестацијата.

dejan-petrovski-35-godini-uchestvuva-na-galichka-svadba-zetot-sekogash-ima-trema-no-trae-do-prviot-udar-na-tapanot-02.jpg

Дејан Петровски живее во Скопје, а по мајка е галичанец од фамилијата Геговци. Вели дека почнал како коњаник, а улогата на бајрактар со братучед му ја преземале од дедо им и вујко им.

Пред почетокот на годинешната манифестација со Дејан разговаравме повеќе за значењето на оваа манифестација, за настаните на кои тој бил сведок низ годините и сите останати детали.

Тој за читателите на CRNOBELO.com сподели повеќе интересни детали, кои им се познати само на оние што биле вклучени „зад сцените“.

dejan-petrovski-35-godini-uchestvuva-na-galichka-svadba-zetot-sekogash-ima-trema-no-trae-do-prviot-udar-na-tapanot-04.jpg

Кои се најважните учесници за време на свадбата, освен младоженецот и невестата, какви улоги имаат тие, но и кои биле некои смешни настани за кои јавноста не знае?

Целото интервју со Дејан проследете го во продолжение:

Кои се твоите први спомени од Галичник? Што е она што уште како дете те влечело секогаш да се враќаш на местото од каде што потекнуваат твоите?

Галичник е посебен по многу работи. Покрај Галичката свадба има прекрасни предели од густа, непроодна шума до недогледни ливади.

Карпести предели и реки кои даваат момент кој ретко може да се најде на друго место, исплетено со безброј овци кои се слеваат низ планинските ливади со мирис на живот, лоцирани на планината Бистра.

dejan-petrovski-35-godini-uchestvuva-na-galichka-svadba-zetot-sekogash-ima-trema-no-trae-do-prviot-udar-na-tapanot-07.jpg

Другарувањето, јавањето коњи, планинарењето, галичката свадба, начинот на живот и начинот на кој нè чуваше баба ми Румена, заедно со сите останати активности, те тераат секоја година да се вратиш на ова прекрасно место до ден-денес.

Еден момент кој ми е врежан од многу рано детство е моментот кога дедо ми Ѓорѓе Гегоски нè однесе за прв пат на бачило, со коњи…

Тоа беше неописливо чувство: овци, сирење, кашкавал, кучиња огромни, сè беше нестварно, а ние бевме деца…

Начинот на кој живееја тие луѓе, начинот на правењето на познатото галичко сирење и кашкавал…

dejan-petrovski-35-godini-uchestvuva-na-galichka-svadba-zetot-sekogash-ima-trema-no-trae-do-prviot-udar-na-tapanot-08.jpg

Раскажи ни нешто повеќе за Галичка свадба. Се сеќаваш ли кога првпат беше дел од оваа манифестација? Колку години имаше?

Галичка свадба едноставно треба да се доживее; да се види, сите тие носии, обичаи, фрлање со пушка, китење на бајракот, бричење на зетот, канење на кумот, земање на невестата, канење на мртвите, Мајовци со зурлите и тапаните, Тешкото, Невестинското оро, коњицата …

Истата се одржува за Петровден, а годинава е од 12-14 јули.

Генерациски сме поврзани со Галичка свадба од 1951 година, прво дедо ми Ѓорѓе бил бајрактар, па после вујко ми Крсте, па јас и братучед ми Васко до ден-денес ја одржуваме оваа македонска традиција, мислам дека првото мое учество беше далечната 1990 како коњаник на тогашната Галичка свадба.

dejan-petrovski-35-godini-uchestvuva-na-galichka-svadba-zetot-sekogash-ima-trema-no-trae-do-prviot-udar-na-tapanot-06.jpg

Секоја година си организатор, а дополнително си бил вклучен и како бајрактар на свадбата. Колку работа е потребно за да се организира една ваква манифестација?

Не е правилен збор организатор, бидејќи еден човек не може да ја организира оваа манифестација, цела екипа работи на овој проект преку цела година и цела таа екипа работи волонтерски, од чиста емоција и љубов заради Галичник, заради традицијата, заради Македонија.

Двете поглавни улоги се бајрактар и стар побратим и тие улоги се оние кои го реализираат договореното на лице место, бидејќи има безброј ситуации кои не смеат да бидат промашени.

Свадбата оди во живо и нема место за повторување на церемонијата.

dejan-petrovski-35-godini-uchestvuva-na-galichka-svadba-zetot-sekogash-ima-trema-no-trae-do-prviot-udar-na-tapanot-16.jpg

Дел од организатоторите се: Александар Костиќ, Дејан Петровски Гегоски, Ана Сариевска, Васко Величковски Гегоски, Огнен Караѓозоски, Вики Бошнакоска, Александар Филиповски, Марко Филиповски, Ана Черепналкоска како и многу други.

И секако сè ова не би се реализирало ако не е главен покровител Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска Давкова и Министерство за култура како и неколку главни спонзори како „Пивара Скопје“, „Тиквеш“, „ЕВН“, „Стопанска банка“, „НЛБ“ и многу други …

Искрено се надеваме дека годинава свадбените галички културни обичаи ќе добијат статус на нематеријално културно наследство на Република Македонија кое треба да го одобри Министерство за култура на Република Македонија, за да трајно се заштити оваа културна манифестација.

dejan-petrovski-35-godini-uchestvuva-na-galichka-svadba-zetot-sekogash-ima-trema-no-trae-do-prviot-udar-na-tapanot-15.jpg

Освен младенците, кои други учесници се клучни за свадбата? Какви улоги имаат?

Сите се клучни и статисти и главни улоги. Невестата, зетот, бајрактарот, стариот побратим, Мајовци, играорците, венчавката е реална, сè се прави на ист начин како пред 100 години, сите обичаи, сите адети, сè е исто.

dejan-petrovski-35-godini-uchestvuva-na-galichka-svadba-zetot-sekogash-ima-trema-no-trae-do-prviot-udar-na-tapanot-20.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Елена од Кавадарци е мејкап артистка во САД: „Не планирав да се селам, тука заработката е поголема и... „Во САД најчесто само невестата, девериците и мајките најмуваат шминкер за свадб...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Емилија Масларковска-Каневче, туристички водич: „Не сум сретнала странец кој не е воодушевен од Маке... „Омилени ми се туристите од Азија. Љубопитни се и сакаат да ја дознаат нашата ис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg