Дејан Петровски 35 години учествува на „Галичка свадба“: „Зетот секогаш има трема, но трае до првиот удар на тапанот“

Можеш ли да ни посочиш некој настан што особено си го запаметил низ годините? Се случувало ли некој од младенците да има проблеми со јавањето коњи или да се случи нешто за кое во последен миг сте барале решение?

Секогаш има некој мал интересен детаљ кој главно се санира на лице место.

Зетот, ако не знае да јава – ќе научи пред свадбата, тука се бајрактарот и побратимот коишто јаваат до него за сигурност додека оди по невеста.

Невестата кога се качува на коњ, на неа внимаваат бајрактарот и побратимот и преку целиот пат каде што јава е со придружба од две девојки кои одат паралелно до неа, додека коњот го води стариот побратим, а на чело на поворката јава бајрактарот – затоа кажав погоре дека еден човек не може да биде организатор.

dejan-petrovski-35-godini-uchestvuva-na-galichka-svadba-zetot-sekogash-ima-trema-no-trae-do-prviot-udar-na-tapanot-10.jpg

Еден момент беше доста интересен, ама се снајдовме буквално во 5 до 12.

Една од невестите ја подготвуваа за да излезе и да ја носиме кај зетот на коњ…

Сватовите беа седнати во дворот, зурлите и тапаните на најјако, и сите ја чекавме невестата, а неа ја немаше.

Влегов во куќата и велам:

„Ајде, доцниме, топло е… Доцниме, по протокол!“

„Сега ќе бидеме готови… Една минутка“ – ми рекоа жените што ја спремаа невестата.

Влегов пак после 10 минути, сите збунети ме гледаат:

„Што е?“ – им велам.

„Дулакот го нема“ – ми велат.

Дулак е превез од тул што се става на лицето на невестата за да не ја гледа никој додеа ја носиме кај зетот.

dejan-petrovski-35-godini-uchestvuva-na-galichka-svadba-zetot-sekogash-ima-trema-no-trae-do-prviot-udar-na-tapanot-24.jpg

Ѕвоневме по телефони, по луѓето што се задолжени за тоа – го немаше… Нема од кај да се земе, а не смее да излезе без дулак, па настана паника невидена.

Среќа ја видов завесата на еден од прозорците во куќата, која беше идеална замена за дулак. Ја извадив, направив мала адаптација со ножица и ете - дулак… И сè помина во најдобар ред

Тремата е секогаш многу застапена кај зетот, но тоа трае додека да тропне тапанот и да се направи првата здравица со чашка ракија, па после сè е лесно.

dejan-petrovski-35-godini-uchestvuva-na-galichka-svadba-zetot-sekogash-ima-trema-no-trae-do-prviot-udar-na-tapanot-23.jpg

Колку често се случувало да треба да се направи корекција на носиите, или секогаш се носат нови носии?

Носиите секоја година се перат, санираат и се пакуваат за наредната, дел од учесниците имаат носии кои се многу стари, повеќе од 100 години од прабаба или од прадедо и истите се користат за Галичка свадба.

dejan-petrovski-35-godini-uchestvuva-na-galichka-svadba-zetot-sekogash-ima-trema-no-trae-do-prviot-udar-na-tapanot-26.jpg

Зошто вреди барем еднаш во животот да се гледа одблиску манифестацијата Галичка свадба?

Затоа што Галичка свадба е една од последните, ако не и последна манифестација која се негува низ годините.

Затоа што е убаво да знаеме како живееле нашите предци, затоа што треба да знаеме кои сме, што сме и од каде сме, затоа што е македонска, затоа што има обичаи кои не може веќе да се видат на друго место, затоа што е реална приказна за двајца млади кои се сакаат и сакаат да продолжат заедно во животот, реализирана во Галичник, во Македонија.

„Ако Македонија е библиска земја, тогаш Галичник е нејзината последна реликвија“.

Петре М. Андреевски

dejan-petrovski-35-godini-uchestvuva-na-galichka-svadba-zetot-sekogash-ima-trema-no-trae-do-prviot-udar-na-tapanot-25.jpg

Погледнете уште неколку фотографии во продолжение:

dejan-petrovski-35-godini-uchestvuva-na-galichka-svadba-zetot-sekogash-ima-trema-no-trae-do-prviot-udar-na-tapanot-13.jpg

dejan-petrovski-35-godini-uchestvuva-na-galichka-svadba-zetot-sekogash-ima-trema-no-trae-do-prviot-udar-na-tapanot-18_copy_copy_copy.jpg

dejan-petrovski-35-godini-uchestvuva-na-galichka-svadba-zetot-sekogash-ima-trema-no-trae-do-prviot-udar-na-tapanot-11.jpg

dejan-petrovski-35-godini-uchestvuva-na-galichka-svadba-zetot-sekogash-ima-trema-no-trae-do-prviot-udar-na-tapanot-12.jpg

dejan-petrovski-35-godini-uchestvuva-na-galichka-svadba-zetot-sekogash-ima-trema-no-trae-do-prviot-udar-na-tapanot-20_copy.jpg

dejan-petrovski-35-godini-uchestvuva-na-galichka-svadba-zetot-sekogash-ima-trema-no-trae-do-prviot-udar-na-tapanot-05.jpg

dejan-petrovski-35-godini-uchestvuva-na-galichka-svadba-zetot-sekogash-ima-trema-no-trae-do-prviot-udar-na-tapanot-09_copy.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело / фото: Приватна Архива



Би можело да ве интересира:

Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Елена од Кавадарци е мејкап артистка во САД: „Не планирав да се селам, тука заработката е поголема и... „Во САД најчесто само невестата, девериците и мајките најмуваат шминкер за свадб...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg