Марија Чапе, психолог и ЕФТ практичар: „Анксиозноста не е болест, туку состојба и можеме да научиме да живееме без неа“

„ЕФТ третманот е како акупунктура без игли, односно преку конкретни точки на лицето и телото активираме проток на енергија и емоции, а преку конкретните афирмации кои ги изговараме пренесуваме информација до мозокот“ – вели во интервју за CRNOBELO.com Марија Чапе, психолог и ЕФТ практичар која ни појаснува како нејзините третмани помагаат во широк спектар на проблеми од секојдневниот живот.

marija-chape-psiholog-i-eft-praktichar-anksioznosta-ne-e-bolest-tuku-sostojba-i-mozheme-da-nauchime-da-zhiveeme-bez-nea-01.jpg

Марија Чапе од Битола е лиценциран психолог, прва Македонка која е лиценциран ЕФТ практичар во Македонија.

Таа своето образование го започнала на Филозофскиот факултет во Скопје, а потоа неочекувано продолжила да се образува во САД.

marija-chape-psiholog-i-eft-praktichar-anksioznosta-ne-e-bolest-tuku-sostojba-i-mozheme-da-nauchime-da-zhiveeme-bez-nea-04.jpg

Таму, како што ни открива се обучувала за ho’ponopono, посебен вид на хавајско учење, а имала можност да учи од психијатар кој ги лекувал пациентите во психијатриска установа без да работи директно со нив.

Во Белград се обучила за ЕФТ терапија, годинава се здоби со признание како прв и единствен психолог за најуспешна бизнис приказна од млада жена на Балканот – BALKAN BUSINESS WOMAN AWARDS 2024.

Таа е основач и управител на психолошкото советувалиште „Клуч“ кое го носи слоганот:

„Заробени сте во кафез? Ние го имаме КЛУЧОТ за Вашата душа“.

Марија вели дека нејзиниот повик е да отклучува заробени души преку нејзината професија, а во интервју за CRNOBELO.com таа ни појаснува како терапијата што ја нуди може да помогне при поголем број нарушувања и проблеми со менталното здравје.

Што значи ЕФТ терапијата, како таа може да помогне во борбата со анксиозноста или со постпородилната депресија, како сами можеме да си помогнеме ако се соочуваме со вакви предизвици?

marija-chape-psiholog-i-eft-praktichar-anksioznosta-ne-e-bolest-tuku-sostojba-i-mozheme-da-nauchime-da-zhiveeme-bez-nea-02.jpg

Прочитајте повеќе во интервјуто во продолжение:

Објаснете ни накратко, што значи ЕФТ практичар и како одлучивте да се обучувате токму во оваа област?

ЕФТ во превод значи емоционално фокусирана терапија, односно се базира на решавање и искоренување на мајката на сите емоции, онаму од каде што потекнуваат сите состојби како анксиозност, страв, депресија… А тоа е траумата.

Сите ние несвесно носиме потиснати трауми, за кои не знаеме, може да датираат од предците, но кога не се исцелени тие трауми буквално се пренесуваат од колено на колено низ генерациите.

Токму таа беше и причината за да одлучам да се обучувам во оваа област, кога осознав, преку работа со клиенти, лично искуство, опсервација на луѓето дека се она што се работи на свесно ниво и што се надминува има рок на траење, сепак она што е основа на сите проблеми кои се појавуваат на ментално или физичко ниво е неизлечена траума.

marija-chape-psiholog-i-eft-praktichar-anksioznosta-ne-e-bolest-tuku-sostojba-i-mozheme-da-nauchime-da-zhiveeme-bez-nea-08.jpg

Кои се најчестите проблеми со коишто се соочуваат Македонците?

Повторно тука би зборувала генерално, бидејќи не само Македонците, туку и секое човечко битие се соочува со проблеми кои се резултат на потиснати трауми.

Од нив, како главна би ја издвоила потребата кај секој од нас да расте и да се развива емоционално, да умее да гради уметничка љубов кон себе, велам „уметничка“ бидејќи љубовта кон себе навистина не треба да биде каква било.

Емоционалната интелигенција, можноста да ги препознаваме и анализираме сопствените емоции како и туѓите, верувајте би спасила многу животи.

marija-chape-psiholog-i-eft-praktichar-anksioznosta-ne-e-bolest-tuku-sostojba-i-mozheme-da-nauchime-da-zhiveeme-bez-nea-07.jpg

Во една пригода имате изјавено дека на „анксиозноста најчесто ѝ претходи храброста“. Можете ли да ни објасните накратко каква е нивната поврзаност?

Токму така, во едно мое претходно интервју токму зборував за ова.

Храброста е честопати емоција која луѓето обожаваат да ја слушнат или кажат како опис за себе – да бидеш храбра е комплимент.

Но, кога за да ја одржиш таа слика за себе храброста станува истоштувачка, тогаш почнува анксиозноста.

Односно, за да не кажеш, покажеш или да не се доживееш себе како слаба личност, продолжуваш со храброста дури и тогаш кога тоа значи борба.

Тука ќе го издвојам погоре кажаното, учењето и свесноста за емоциите, ни даваат можност да знаеме до кога сме навистина храбри, а од кога храброста почнува скапо да нè чини.

Не постои слабост наспрема храброст, бидејќи всушност одлика на храброста е да се побара помош.

marija-chape-psiholog-i-eft-praktichar-anksioznosta-ne-e-bolest-tuku-sostojba-i-mozheme-da-nauchime-da-zhiveeme-bez-nea-05.jpg

Дали Македонците веднаш доаѓаат да побараат помош од психолог или за жал, сè уште во голема мера постои традицијата прво да се бара помош од бајачки и надрилекари, а психолошката помош да се смета за табу-тема?

Кај мене се обраќаат многу храбри луѓе, луѓе кои ја презеле одговорноста за своите емоции и луѓе кои се подготвени да живеат живот каков што заслужуваат, но да работат на тоа.

Се гордеам со секој еден од нив и чест ми е и задоволство што сум дел од нивните успешни приказни.

Така што, не би рекла дека некој бара помош на погрешно место, сè додека навистина успева да ја најде.

Но, секогаш како што зборувам и на мојот Инстаграм профил, за болка во забите одиме на стоматолог, па тогаш каде би требало да се обратиме кога нè боли душата?

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Миро Кацаров за родниот град: „Старата чаршија во Штип ме научи на 'школо' кое нема цена“ „Роден сум во Штип и растен сум во бивша Југославија, каде сите маалски детски и...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Сања Стојанова 19 години страда од алопеција: „Преку ноќ ми опадна цела коса, сега знам дека надворе... „Кога останав бремена со првото дете ми порасна косата сама од себе … Ми падна т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg