Марија Чапе, психолог и ЕФТ практичар: „Анксиозноста не е болест, туку состојба и можеме да научиме да живееме без неа“

Колку често се обраќаат клиенти со анксиозност и како ЕФТ помага во надминување на оваа состојба?

Анксиозноста е состојба на вознемиреност и не постои човек кој не ја искусил, поради тоа често кажувам дека анксиозноста е токму состојба, не е болест и апсолутно постои начин да научите да живеете, не со неа, туку без неа.

Едно длабоко вкоренето уверување е дека анксиозноста може само да се контролира или на некој начин да се менаџира за сепак да живееш квалитетен живот и со неа.

Многу клиенти кога доаѓаат кај мене и кога им го посочувам ова уверување им звучи неверојатно, како и многу кои ова ќе го прочитаат.

Но, запрашајте се кога ве боли заб дали со соодветно третирање тоа поминува и вие со верување дека ќе помине одите на стоматолог, нели? А како одите на психолог, со надеж дека ќе ви помогне или со верување?

Тука е трикот на уверувањето, дека анксиозноста ако ја имаш, со здравје да си ја носиш.

А кој ја нема? Всушност ЕФТ токму тоа го прави: Ве учи да си дозволите да се ослободите од сите потиснати емоции, кои како последица ја носат анксиозноста или друга состојба во вашите животи.

Кога ја тргаме причината на потсвесно ниво, тогаш последиците се уриваат како кула од карти. Следен чекор ни е да прифатите и поверувате дека може да се живее без анксиозност.

marija-chape-psiholog-i-eft-praktichar-anksioznosta-ne-e-bolest-tuku-sostojba-i-mozheme-da-nauchime-da-zhiveeme-bez-nea-06.jpg

Сè почесто во последните неколку години се зборува за постпородилната депресија како појава. Се случува ли често жената да не е свесна дека се справува со таков проблем и кои се првите знаци на кои блиските треба да обрнат внимание и да побараат помош?

Мојата примарна целна група за работа се токму жените и мајките, бидејќи кога е среќна мајката тогаш е среќно и детето.

Имено, жените и мајките се потполно свесни дека минуваат низ промена, но зависи какви уверувања и убедувања имаат, дека тоа ќе помине „ех, како им поминувало порано“, или дека заслужуваат да работат на истото.

Често кажувам, тука клучна улога има сопругот, на новороденчето му треба мајка, а на жената ѝ е потребен сопругот.

Во тој период жената минува низ ролеркостер од емоции и најважно е да знае дека тоа ѝ е дозволено и дека не е сама.

Во суштина ЕФТ, најголем процент, од жените почнуваат да го работат во тој период, бидејќи тогаш настануваат најсилните реактивации на трауми и жената се губи себе, влегува во нова сосема непозната улога, со детето се раѓа и мајката.

Потоа многу мајки продолжуваат со ЕФТ за своите деца, бидејќи преку поврзаноста на мајката и детето, мајката може да работи третмани за своето дете.

marija-chape-psiholog-i-eft-praktichar-anksioznosta-ne-e-bolest-tuku-sostojba-i-mozheme-da-nauchime-da-zhiveeme-bez-nea-10.jpg

За кои се тематики може да се работи ЕФТ, на кои возрасни групи и каква е ефикасноста?

ЕФТ има неограничен спектар на проблеми кои ги решава, и тоа е така затоа што со ЕФТ се искоренува потсвесното, она што ве спречува на свесно ниво да бидете во нулта фаза или онаа фаза со која се раѓаме, чисти и исполнети со љубов.

ЕФТ третмани може да се работат за сите последици на свесно ниво како анксиозност, депресија, страв, негативни мисли, overthinking, емоционално јадење, постпородилна депресија, стравови, фобии, слабеење или качување на килограми.

Може да се работи и во насока на поставување цели, донесување одлуки, остварување на желби и потреби. Бидејќи како што реков, 90% од нашиот карактер се научени уверувања за тоа кои сме и какви сме, преку работа на себе навистина го откриваме тоа.

Може да се работи на сите возрасни групи дури и на бебиња, за кои работат мајките.

Мајките може да работат за своите деца за симнување на температура, за имунитет, за навикнување на градинка, одвикнување од памперси или цуцла, спиење со родители итн.

Ефикасноста на ЕФТ научно докажано е 98% успешна по само 15 минути практикување на третман, се менува бојата на аурата или енергетското поле.

Во Америка ЕФТ е воведена во училиштата, за од млада возраст децата да можат да градат токму емоционална свесност.

marija-chape-psiholog-i-eft-praktichar-anksioznosta-ne-e-bolest-tuku-sostojba-i-mozheme-da-nauchime-da-zhiveeme-bez-nea-08_copy.jpg

Како дојде до тоа да бидете избрана и наградена во Белград со престижна награда токму во оваа област?

Па веројатно како и сè во животот, случајно, иако случајност не постои, нели?

Имено, таму се обучував за ЕФТ техниката и преку мојата менторка во рок од три години откако работам ја следеа мојата работа и напредок.

На мојот Инстаграм профил тековно се појавуваа сè повеќе успешни приказни, од кои би издвоила неколку што ми се посебно драги: клиент на кој му беа дадени силни антидепресиви и електро-шокови за депресија, со работа со ЕФТ третмани преку неговата сопруга за него, денес тој е целосно излечен и во одлична состојба, или клиентка која помина низ абортуси како и неуспешни ин-витро оплодувања и со ЕФТ третмани сега имаме внуче во нашето психолошко семејство или клиентка која после претрпена загуба доживеа целосно губење на својот идентитет до лудило за да може да ја поднесе тагата и со ЕФТ третмани се врати на себе.

Овие се само дел од успешните приказни, на мое огромно задоволство кои ги имаме (и дај Боже да ги има сè повеќе).

Така и дојде до тоа да ме повикаат и наградата ми беше доделена во Hyatt Regency хотелот во Белград. Тоа беше магична вечер, каде што стоев на бина, а зад мене стоеше моето име и презиме, момент кој засекогаш ќе остане врежан во мојата меморија.

Тој трофеј има посебно место во мојата душа.

marija-chape-psiholog-i-eft-praktichar-anksioznosta-ne-e-bolest-tuku-sostojba-i-mozheme-da-nauchime-da-zhiveeme-bez-nea-03.jpg

Појаснете ни накратко како вообичаено изгледа еден ваков ЕФТ третман…

ЕФТ третманите ги работам преку обука или еден на еден.

Преку обуката всушност сакав и успеав да постигнам секој мој клиент да добие поддршка буквално 24/7 односно во оние доцни часови кога немирот напаѓа или оние утра кога те гуши нешто во градите.

Преку обуката успевам да бидам присутна секогаш и во секој момент, бидејќи самата обука е конципирана на начин на кој има вежби буквално кои се применуваат во дадениот момент преку конкретни точки и афирмации.

Тоа е суштината на ЕФТ третманот, како акупунктура без игли, односно преку конкретни точки на лицето и телото активираме проток на енергија и емоции, а преку конкретните афирмации кои ги изговараме пренесуваме информација до мозокот.

Бидејќи тие точки се нервни завршетоци кои директно се поврзани со нашиот внатрешен систем. Клучно во ЕФТ е да се работи со стручно и обучено лице затоа што на тој начин може да се работи во правилна насока.

По обуката може да се работат и индивидуални ЕФТ третмани кои ги работам и во текстуална форма.

marija-chape-psiholog-i-eft-praktichar-anksioznosta-ne-e-bolest-tuku-sostojba-i-mozheme-da-nauchime-da-zhiveeme-bez-nea-12.JPG

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Миро Кацаров за родниот град: „Старата чаршија во Штип ме научи на 'школо' кое нема цена“ „Роден сум во Штип и растен сум во бивша Југославија, каде сите маалски детски и...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg