Даниел Кајмакоски со сопругата и синот во Охрид, две години откако оттаму откри дека е во врска со Марина
- Детали
- вторник, 02 јули 2024
Даниел и Марина токму од Охрид првпат открија дека се во врска, и тоа во 2022 година, кога го посетија Свети Наум.
Пејачот Даниел Кајмакоски и неговата сопруга Марина се во Охрид, заедно со синот Стефан.
Тие се прошетаа низ градот, па седнаа во еден од локалите на кафе, пиво и охридски цреши.
Даниел, кој долго време живее во Белград, на својот Инстаграм профил сподели неколку фотографии од Охрид.
„Убав и облачен ден со Даниел Кајмакоски“, напишаа на Инстаграм профилот на кафулето, чии гости беа музичарот и неговата сопруга.
https://www.instagram.com/p/C86wOKwIai5/
Даниел и Марина токму од Охрид првпат открија дека се во врска, и тоа во 2022 година, кога го посетија Свети Наум.
Неколку месеци подоцна, на почетокот на 2023, парот направи граѓанска венчавка, а брзо потоа се роди и нивниот син Стефан.
Кајмакоски поголемиот дел од времето живее во Белград, а во родната Македонија доаѓа поретко.
А. Ј. | Црнобело