Столе Димитриевски ужива со девојката во Калифорнија, откако потпиша договор со Valencia
- Детали
- сабота, 29 јуни 2024
Со фотографиите, на кои е и неговата девојка, Столе ги изненади следбениците, бидејќи речиси никогаш не објавува нешто поврзано со својот љубовен живот.
Столе Димитриевски, голманот на македонската фудбалска репрезентација, откако ги заврши обврските со националниот тим, а потоа потпиша и договор со шпанска Valencia, замина на патување во Америка.
Столе, кој важи за еден од спортистите со најдобар моден стил, е во Лос Анџелес со девојката Ирина Јанкуловска.
Тие двајца објавија фотки од Калифорнија и со следбениците на Инстаграм споделија моменти од своето патување.
Столе откри дека возеле велосипеди, се шетале низ градот и околината, биле на фудбалски натпревар, а сподели и фотка од дресот на Бекам.
Со објавата голманот ги изненади следбениците, бидејќи речиси никогаш не објавува нешто поврзано со својот љубовен живот.
Пред да замине во САД, нашиот голман беше на лекарски прегледи во Валенсија, по што беше претставен како нов голман на еден од најпопуларните шпански клубови.
При потпишувањето за новиот клуб, со Столе беше и Ирина.
„Mојата љубов“, напиша таа тогаш на Инстаграм.
Во Valencia, Столе оди по пет години поминати во Rayo Vallecano, каде што беше прв голман на тимот и се наметна како еден од најдобрите голмани во шпанската La Liga.