„Кога бев мал мислев дека татко ми е супермен“ – Тони Михајловски прослави 57-ми роденден, синот го изненади

Синот, внукот и снаата на Тони Михајловски му приредија изненадување за 57-иот роденден. Со торта и запалени свеќички, тие заѕвонија на неговата врата и му пееја песна за среќен роденден, а син му Александар упати и емотивна порака до него на социјалните мрежи.

koga-bev-mal-mislev-deka-tatko-mi-e-supermen-sinot-na-toni-mihajlovski-pokazha-kako-go-proslavile-rodendenot-na-tatko-mu-01.jpg

Нашиот актер Тони Михајловски на 30-ти јуни годинава го прослави својот 57-ми роденден, а како што може да се види од објавите на социјалните мрежи, тој го поминал важниот ден во кругот на најблиските и со семејството, кои му приредиле пријатно изненадување.

Неговиот син, Александар кој исто така тргна по стапките на Тони и во моментов гради успешна актерка кариера, на Инстаграм Стори објави кратко видео на кое покажа како го прославиле роденденот на татко му.

koga-bev-mal-mislev-deka-tatko-mi-e-supermen-sinot-na-toni-mihajlovski-pokazha-kako-go-proslavile-rodendenot-na-tatko-mu-02.jpg

Александар во домот на Тони дошол заедно со неговиот син, и со торта во раце и запалени свеќички (со број 57), заѕвониле во домот на неговиот татко и му пееле Happy birthday, додека Тони се шегувал со нив:

„Со 57-ица дојдовте?“

koga-bev-mal-mislev-deka-tatko-mi-e-supermen-sinot-na-toni-mihajlovski-pokazha-kako-go-proslavile-rodendenot-na-tatko-mu-03.jpg

koga-bev-mal-mislev-deka-tatko-mi-e-supermen-sinot-na-toni-mihajlovski-pokazha-kako-go-proslavile-rodendenot-na-tatko-mu-04.jpg

Освен ова кратко видео, Александар објави и една нивна заедничка фотка, до која ги сподели зборовите на стенд-ап комичарот Дејв Ател, па напиша:

„Кога си мал, мислиш дека татко ти е Супермен. Потоа растеш и сфаќаш дека тој е обичен човек што носи наметка. Среќен роденден стари, те сакам безусловно“.

koga-bev-mal-mislev-deka-tatko-mi-e-supermen-sinot-na-toni-mihajlovski-pokazha-kako-go-proslavile-rodendenot-na-tatko-mu-05.jpg

За потсетување, освен Александар кој веќе се оствари во улогата на сопруг и татко, Тони Михајловски има и помал син Максим.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бајковит прв роденден на девојче од Скопје - Мајката и славеничката во фустани во тон (фото) „Подготвувањето на роденденот на Лана ни траеше сигурно 2 месеца, но мислам дека...
Александар Тарабунов е среќно вљубен во Калина, иако не открива детали за врската Убавата бринета со впечатлива насмевка му го освои срцето на Александар Тарабуно...
Александар Динев искрен за борбата со тежината: „На 14 години имав скоро 100kg, се борев и со булими... „Еден ден почнав да чувствувам болка во градите и на лекар ми кажаа дека сум ‘на...
„Среќен роденден женче“ – Таско ѝ честиташе на сопругата со емотивни семејни фотки Заеднички фотки од трудничката фотосесија, моментот по породувањето со синчето в...
Првпат запеале заедно во 2009-та, денес се неразделни – Како настанало дуото Дац и Александар? „На денешен ден, пред 15 години, Александар ја сними ’За век и векови‘. Во спото...
Александар Динев за булингот: „Дури и во живо се случува да бидам нападнат“ „На страна тоа што онлајн добивам безброј негативни коментари и во живо се случу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg