Елена Најдоски на романтично патување со сопругот: Прошетка низ Виена, крстарење во Прага
- Детали
- среда, 26 јуни 2024
Модно усогласена со сопругот, посета на омилените туристички дестинации - водителката Елена Најдоски уживаше на патувањето низ неколку европски градови.
Водителката Елена Најдоски и нејзиниот сопруг Бојан беа на неколкудневно патување низ Европа, а најмногу време поминаа во Виена и Прага.
За сето време на патувањето, водителката споделуваше забавни моменти од местата кои ги посетиле.
Taa не го криеше своето воодушевување од палатата Шенбрун во Виена, а откри и дека се радува на крстарењето во Прага, бидејќи тоа е најдобриот начин да се доживее еден од најубавите градови во Европа.
Од двете омилени туристички локации, Елена објави неколку фотографии и видеа.
На сите нив, таа изгледа одлично, со внимателно одбрани модни комбинации и аксесоари, а за крстарењето во Прага е модно усогласена со сопругот.
На враќање кон Македонија, патувањето го завршија во Нови Сад, а Елена на Инстаграм Стори објави фотки и видеа во кои вели:
„Кога си во Нови Сад, не смееш да го пропуштиш овој поглед од Петроварадинската тврдина“.