„Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми носеше подароци. Загубата на татко ми смени многу, но и уште повеќе го зближи моето семејство. Јас и брат ми бевме мали и ни беше тешко, но на мајка ми најтешко, зашто се бореше и со нејзината и со нашата болка и се трудеше да не го почувствуваме отсуството на нашиот татко“, вели Сара Трајковска, ќерката на претседателот Борис Трајковски за CRNOBELO.com.