Андријана Петрушовска пред финалето на „Гранд“: „Постои ривалство меѓу кандидатите, но секој е дојден да победи“

„Се трудам секогаш да сум стилски облечена, бидејќи сцената тоа го бара. А приватно, кога е во прашање домот - сакам да сум во пижами и ништо друго, но кога излегувам сакам тоа да биде дамски и отмено“, вели Андријана Петрушовска за CRNOBELO.com, неколку дена пред нејзиното второ финале во „Ѕвездите на Гранд“.

andrijana-petrushovska-pred-finaleto-na-grand-postoi-rivalstvo-megju-kandidatite-no-sekoj-e-dojden-da-pobedi-01.jpg

Скопјанката Андријана Петрушовска (24) е една од тројцата македонски кандидати кои ќе се натпреваруваат во финалето на „Ѕвездите на Гранд“ на 8 јуни.

Ова е нејзино второ учество во шоуто и таа вторпат стигна до финалето на најголемото музичко натпреварување во регионот.

andrijana-petrushovska-pred-finaleto-na-grand-postoi-rivalstvo-megju-kandidatite-no-sekoj-e-dojden-da-pobedi-13.jpg

За времето поминато таму, за првиот ментор Ѓорѓе Давид, но и сегашниот Мили, како и за односот со Цеца, Андријана раскажа за CRNOBELO.com:

Вторпат се натпреваруваш во „Ѕвездите на Гранд“ и стигна до финалето кое е за некој ден. За сето ова време помина низ фаза на подеми и падови, пофалби и критики. Кој ти беше еден најубав, а кој ти беше најстресен или најтежок момент во шоуто?

Немам најубави или најстресни моменти. Сите настапи ми остануваат во сеќавање по добро. Среќна сум секогаш, затоа што мојот труд е вреднуван.

Но, ако морам да издвојам најсреќен момент, нека биде моментот кога се симнав од сцената по влезот во финале и кога ги видов моите родители колку се среќни и горди на мене.

Стресните моменти се повеќе ситуации низ кои сум поминала, но најстресно ми беше кога требаше да ја испеам „Море сокол пие“, а имав здравствен проблем, односно проблем со крајниците.

Но, на крајот сè беше во најдобар ред, а крајниот резултат беше подобар од она што го замислив.

andrijana-petrushovska-pred-finaleto-na-grand-postoi-rivalstvo-megju-kandidatite-no-sekoj-e-dojden-da-pobedi-14.jpg

Колку се разликуваше лично за тебе второто од првото учество, но во однос на дружењето, времето поминато со другите кандидати? Стекна ли пријатели или постои его меѓу учесниците, па секој гледа само за себе во желбата за победа?

За мене и двете сезони во „Ѕвездите на Гранд“ беа прекрасни, полни со искрена емоција и многу адреналин.

Кога е во прашање дружбата, секако дека стекнав пријатели и се чувствува кога е сето тоа искрено.

Но, постои и ривалство, тоа е секаде така, бидејќи секој е дојден да победи или во најмала рака да заземе солиден пласман.

andrijana-petrushovska-pred-finaleto-na-grand-postoi-rivalstvo-megju-kandidatite-no-sekoj-e-dojden-da-pobedi-06.jpg

Те болеа ли некогаш негативните коментари од жирито? Како се справуваше со критиките?

Обично, кога во нешто не верувате ни самите, тогаш многу е дискутабилно да веруваат и другите во истото.

Секогаш кога не бев сигурна во нешто, и на некој начин не бев своја на своето, тогаш се случуваа тие грешки, односно самото жири не ми веруваше.

Не можам да кажам дека биле многу строги во однос на коментарите упатени кон мене, сепак ќе го наречам само блага критика, која што ја сфатив многу сериозно и пробав да ги разберам, а и да се разберам самата себеси и да бирам песни кои ми лежат, песни каде што може да се истакне вокалот и да бидам јас ЈАС.

andrijana-petrushovska-pred-finaleto-na-grand-postoi-rivalstvo-megju-kandidatite-no-sekoj-e-dojden-da-pobedi-10.jpg

Цеца не крие дека те обожава, дури и мислам дека комуницирате приватно. Каква е Цеца со тебе?

Со Цеца сум во строго професионален однос, но секако, кога и да ми треба совет или констатација, таа е секогаш тука и е расположена за одговор или, пак, идеја.

andrijana-petrushovska-pred-finaleto-na-grand-postoi-rivalstvo-megju-kandidatite-no-sekoj-e-dojden-da-pobedi-11.jpg

Ѓорѓе Давид или Мили? Од кого што научи и кој ти беше поголем ветер во грб во шоуто?

Првото појавување во шоуто за мене беше еден почеток којшто го градевме со тогашниот ментор Ѓорѓе Давид, од кого научив многу работи и навистина се трудеше за мене.

Тој во моите очи виде колкава желба постои за успех, но исто така и колку потенцијал има во мене.

Оваа сезона, односно втората, можам да кажам дека ми донесе и повеќе. Созреав и како карактер и како вокал и се пронајдов себеси.

Но, искуството си го прави своето и верувам дека тоа е една фаза којашто мора да ја пројде секој што се занимава со оваа професија.

Оваа година работам со Мили, односно тој е мојот ментор. Мили е прекрасен човек и неверојатен професионалец, а за мене еден од најдобрите продуценти и музичари.

Благодарна сум што имам прилика да чујам и некој негов совет и што воопшто се запознав со целиот негов тим, а и да го видам неговото легендарно студио во Белград.

Многу научив и од Ѓорѓе, а и од Мили. Со Ѓорѓе сè уште лутав, најверојатно поради возраста, но сепак остваривме голем успех, па и тогаш бев во финале.

А сега созреав, па полесно примам совети и сум доста посконцентрирана кога е во прашање пробата.

Ако ме прашате да издвојам, нормално не би можела, бидејќи и двајцата се трудеа максимално околу мене.

andrijana-petrushovska-pred-finaleto-na-grand-postoi-rivalstvo-megju-kandidatite-no-sekoj-e-dojden-da-pobedi-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg