Анабел од Канарски Острови е мажена за скопјанецот Бојан: „Учам да готвам гравче и сарма, сакам да се преселиме во Македонија“

„Македонија се чувствува, се живее од моментот кога ќе згазиш на оваа територија, има душа. Како може да не сакаш ваква земја?“, вели за CRNOBELO.com Анабел Велевска од Канарските Острови, која е во брак со скопјанецот Бојан.

anabel-od-kanarski-ostrovi-e-mazhena-za-skopjanecot-bojan-ucham-da-gotvam-gravche-i-sarma-sakam-da-se-preselime-vo-makedonija-01.jpg

Анабел Рамирез Хернандез, сега Анабел Велевска, е родена на островот Гранд Канарија, најголемиот од Канарските Острови.

Таа работи како менаџер за внатрешни комуникации и ги води социјалните мрежи на компанијата во која што е вработена.

Од март 2023 Анабел е во брак со Бојан Велевски од Скопје. Кога го запознала својот иден сопруг за Македонија знаела само едно - дека е земја што учествувала на Евровизија.

anabel-od-kanarski-ostrovi-e-mazhena-za-skopjanecot-bojan-ucham-da-gotvam-gravche-i-sarma-sakam-da-se-preselime-vo-makedonija-02_1.jpg

На почетокот нивната љубов била на далечина и тие постојано патувале на релација Македонија - Гранд Канарија за да се видат и да бидат заедно.

Денес живеат на островот, иако Анабел еден ден би сакала да се преселат во Македонија и да бидат поблиску до семејството на Бојан, бидејќи и таа е многу блиска со нив.

anabel-od-kanarski-ostrovi-e-mazhena-za-skopjanecot-bojan-ucham-da-gotvam-gravche-i-sarma-sakam-da-se-preselime-vo-makedonija-03.jpg

За љубовта и бракот со Бојан и за нејзините искуства во Македонија, Анабел ни раскажа во интервјуто за CRNOBELO.com:

Кога се запознавте со Бојан? Како почна вашата љубовна приказна? Дали беше тоа љубов на прв поглед?

Бојан го запознав преку заеднички пријатели и малку по малку почнавме да се дружиме.

Во одреден момент, пријателството се претвори во нешто повеќе, па почнавме често да патуваме меѓу Скопје и Гранд Канарија за да се видиме.

Сето тоа се случуваше среде пандемија, па имаше моменти кога со месеци бевме спречени да се видиме.

anabel-od-kanarski-ostrovi-e-mazhena-za-skopjanecot-bojan-ucham-da-gotvam-gravche-i-sarma-sakam-da-se-preselime-vo-makedonija-10.jpg

Дали ти беше необично што се омажи за Македонец? Си помислувала ли некогаш дека ќе бидеш во брак со странец?

Никогаш не помислував дека може да се омажам за некој од друга земја, а уште помалку за некој од Македонија, земја за која знаев многу малку.

Што знаеше за Македонија пред да го запознаеш Бојан?

Само дека учествуваа на Евровизија.

anabel-od-kanarski-ostrovi-e-mazhena-za-skopjanecot-bojan-ucham-da-gotvam-gravche-i-sarma-sakam-da-se-preselime-vo-makedonija-09_copy.jpg

Која е најдобрата особина на Бојан како сопруг? Дали е тој романтичен?

Бојан е внимателен, вреден и одговорен. Многу добро се надополнуваме во животот и хуморот ни е многу сличен, постојано се смееме.

Како те прифатија неговите роднини и пријатели? Дали си блиска со твојата свекрва?

Сите луѓе кои се дел од животот на Бојан со мене се однесуваат со голема наклонетост и почит.

Се чувствувам како дома кога сум во Драчево. Свекорот и свекрвата се особено заштитнички поставени кон мене и секогаш се грижат за мене и за тоа да не ми недостасува ништо.

anabel-od-kanarski-ostrovi-e-mazhena-za-skopjanecot-bojan-ucham-da-gotvam-gravche-i-sarma-sakam-da-se-preselime-vo-makedonija-08.jpg

А како твоите блиски го прифатија него? Се противеше ли некој на вашата љубов?

Моите пријатели и семејството го прифатија Бојан од самиот почеток.

Мислам дека единствено мајка ми беше порезервирана на почетокот, бидејќи често одев сама на далечни патувања, кај личност која не ја познаваше.

Но, од првиот пат кога се сретна со Бојан, одлично се поврзаа.

Дали правевте свадба или имавте само венчавка? Како изгледаат свадбите кај вас? Има ли некои посебни обичаи?

Бирократијата во Шпанија ни даде малку дополнителна работа, многу документација, состаноци, интервјуа...

Па штом ни дадоа овластување, повеќе од една година откако започнавме со постапките за венчавка, само закажавме термин и отидовме сами со нашите сведоци во судот за да се венчаме.

Иако претходните денови уживавме во убави пролетни денови, денот кога се венчавме врнеше многу, што во мојата земја значи среќа за бракот.

anabel-od-kanarski-ostrovi-e-mazhena-za-skopjanecot-bojan-ucham-da-gotvam-gravche-i-sarma-sakam-da-se-preselime-vo-makedonija-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Андријана Петрушовска пред финалето на „Гранд“: „Постои ривалство меѓу кандидатите, но секој е дојде... „Се трудам секогаш да сум стилски облечена, бидејќи сцената тоа го бара. А прива...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg