Дарко и Верче во ТОЈ/ТАА интервју: Што сака најмногу кај неа, кој ѝ е најубавиот миг со него – детали од скопска љубовна приказна

Дарко (27) и Верче (26), кои се речиси 3 години во врска, искрено одговараат како се запознале, кои им се омилените особини еден кај друг, најубавите патувања досега... Зарем треба посебен повод за да се слави љубовта?

darko-i-verche-vo-toj-taa-intervju-shto-saka-najmnogu-kaj-nea-koj-i-e-najubaviot-mig-so-nego-detali-od-skopska-ljubovna-prikazna-01.jpg

За љубовта се напишани најубавите романи и најемотивните поеми, па така не ни треба специјална причина и повод за да ја славиме љубовта.

Во интервјуто од типот ТОЈ/ТАА ќе ви пренесеме детали од една скопска љубовна приказна. Тие се млади, прекрасни, авантуристички настроени и „зависни“ еден од друг. Заедно се речиси 3 години.

Дарко Андоновски (27), новинар од Скопје и Верче Додевска (26), агроном инженер од Скопје се нашиот пар на седмицата.

* Тие одговараа посебно на истите прашања, а потоа ги споивме одговорите за да видиме колку добро се познаваат еден со друг.

Со нив проговоривме за детали од нивната љубовна врска од тоа што сакаат најмногу еден кај друг, до најубавите мигови, па и причините за малите кавги...

Како се запознавте?

Дарко: Во денешно време речиси е неизбежно да се остане имун и да не се следи новиот тренд на запознавање, а тоа се социјалните мрежи, поточно Инстаграм.

Верче: На ова прашање ми е „глупаво“ да одговорам, но еве ќе го одговорам искрено, се запознавме на Инстаграм, пишувавме некој период и потоа излеговме за да се запознаеме во живо.

darko-i-verche-vo-toj-taa-intervju-shto-saka-najmnogu-kaj-nea-koj-i-e-najubaviot-mig-so-nego-detali-od-skopska-ljubovna-prikazna-14.JPG

Првиот впечаток за Дарко/Верче ти беше …

Дарко: Мене за Верче ми беше дека е симпатична девојка која има убави очи, насмевка, а потоа и потенцијална девојка за во иднина.

Верче: Првиот впечаток за Дарко може да кажам дека беше љубов на прв поглед (ха ха), се заљубив во неговите манири, пред сè фино и културно момче.

darko-i-verche-vo-toj-taa-intervju-shto-saka-najmnogu-kaj-nea-koj-i-e-najubaviot-mig-so-nego-detali-od-skopska-ljubovna-prikazna-11.JPG

Дарко, кој е најдобриот подарок што си ѝ го купил за роденден... Верче кој е најдобриот што си го добила од него?

Дарко: Јас повеќе сакам да подарувам, отколку што сакам да ми подаруваат (лажам) инаку, тоа беа патики кои сосема спонтано ги одбрав и ги купив од едно наше патување.

Верче: Сите подароци што сум ги добила ми значат премногу, Дарко е еден од тие што постојано ми купува подароци без никаков повод. Еве за роденден би го издвоила 25-от роденден, каде што ми приреди изненадување во едно кафуле, каде што најмногу им се израдував на балоните иако добив и други подароци кои ги занемарив штом ги здогледав балоните.

darko-i-verche-vo-toj-taa-intervju-shto-saka-najmnogu-kaj-nea-koj-i-e-najubaviot-mig-so-nego-detali-od-skopska-ljubovna-prikazna-15.JPG

Најдоброто изненадување што го имаш направено за Дарко/Верче...

Верче: Јас не сум добра во тоа баш, не знам не ми текнува. Но, за тоа е тој тука каде што ме дополнува и ми приредува многу често изненадувања.

Дарко: Ах, кој да ги памети сите изненадувања, тие што добро нè познаваат знаат дека Верче добива често изненадувања приредени од мене. Јас доволно добро ја познавам за да знам дека ужива во малите нешта, па така често ја изненадувам со книги, цвеќиња, пакетчиња со чоколади, како и пикници во природа без никаков повод.

darko-i-verche-vo-toj-taa-intervju-shto-saka-najmnogu-kaj-nea-koj-i-e-najubaviot-mig-so-nego-detali-od-skopska-ljubovna-prikazna-06.JPG

darko-i-verche-vo-toj-taa-intervju-shto-saka-najmnogu-kaj-nea-koj-i-e-najubaviot-mig-so-nego-detali-od-skopska-ljubovna-prikazna-05.JPG

Најубавото патување досега ви беше во …

Дарко: Јас, иако сум што народски би кажале летно дете, морам да кажам дека зимувањето во Копаоник засега ми оставило најмногу впечаток, поради тоа што (зборувам за себе) сум вљубен во скијањето и адреналинот на снег.

Сепак, убави спомени имаме и од Виена минатото лето, но годинава поради пандемијата се посветивме на истражување на Македонија (што позитивно ме изненади поради природното богатство кое го имаме, но за жал не го цениме), доколку би требало да одберам од Македонија, нека биде тоа Берово и Пониква.

Верче: Авантуристи сме и двајцата многу сакаме и често патуваме некаде, но доколку треба да одберам само едно патување, еве би го издвоила како најубаво патување до сега патувањето во Виена, кое нема да го заборавам никогаш, не само поради тоа што уживавме во него, туку и многу повеќе бидејќи бевме опкружени со многу блиски луѓе, дел од семејството кое навистина ни недостига, особено сега во пандемијата која нè научи на многу работи.

darko-i-verche-vo-toj-taa-intervju-shto-saka-najmnogu-kaj-nea-koj-i-e-najubaviot-mig-so-nego-detali-od-skopska-ljubovna-prikazna-03.JPG

Кој сака повеќе да се фотографира?

Дарко: Секако иако јас не сум трпелив за сликање и после неколку фотографии се откажувам, а потоа се лутам доколку немам убава фотографија, во оваа категорија титулата ја има Верче, која како и секое девојче обожува да се фотографира.

Верче: И двајцата сакаме да се сликаме, но секако дека јас сум таа што повеќе се слика. Честопати и пред да треба да се сликаме знае да ми каже „те молам барем една од 100-те слики да ти се допаѓа, само една“…

darko-i-verche-vo-toj-taa-intervju-shto-saka-najmnogu-kaj-nea-koj-i-e-najubaviot-mig-so-nego-detali-od-skopska-ljubovna-prikazna-22.JPG

Кој е поголем „зависник“ од Инстаграм?

Дарко: Хммм. Па иако јас морам да признаам сум „зависник“ од социјалните мрежи, не дозволувам тие да ме надвладеат и да ме контролираат во секоја смисла на зборот. Би рекол двајцата до умерени граници сме „зависници“.

Верче: Двајцата сакаме да поминуваме доста време на Инстаграм, но пак би се издвоила јас како поголем „зависник“, иако он знае да се контролира и да си најде и друга занимација која не е поврзана со социјални мрежи.

darko-i-verche-vo-toj-taa-intervju-shto-saka-najmnogu-kaj-nea-koj-i-e-najubaviot-mig-so-nego-detali-od-skopska-ljubovna-prikazna-25.JPG

Која ѝ е „најомразена“ домашна обврска? (Верче одговори ни за себе)

Дарко: Иако се уште ние сме само во врска, карантинот ни покажа како навистина се живее кога со некој не ја делиш само постелата, туку и сите обврски поврзани со домот. Најмногу мислам дека ја нервира готвењето.

Верче: Па, искрено немам некоја омразена домашна обврска, сакам секогаш да чистам, да ми е средено сè, еве би го издвоила сега готвењето, кое не ми е да кажам толку омилена обврска.

darko-i-verche-vo-toj-taa-intervju-shto-saka-najmnogu-kaj-nea-koj-i-e-najubaviot-mig-so-nego-detali-od-skopska-ljubovna-prikazna-26.JPG

Која му е омилена активност? (Дарко одговори ни за себе)

Верче: Омилена активност на Дарко му е да вози велосипед на Водно, да пешачи и да чита книги.

Дарко: Омилена активност ми е да шетам во природа.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Миро Кацаров за родниот град: „Старата чаршија во Штип ме научи на 'школо' кое нема цена“ „Роден сум во Штип и растен сум во бивша Југославија, каде сите маалски детски и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg