Дарко и Верче во ТОЈ/ТАА интервју: Што сака најмногу кај неа, кој ѝ е најубавиот миг со него – детали од скопска љубовна приказна

darko-i-verche-vo-toj-taa-intervju-shto-saka-najmnogu-kaj-nea-koj-i-e-najubaviot-mig-so-nego-detali-od-skopska-ljubovna-prikazna-21.JPG

Кај Дарко/Верче најмногу те нервира …

Дарко: Кај неа најмногу ме нервира што не сака да послуша сè она што ѝ кажувам иако знам каков ќе биде крајниот исход, и инаетот секако како и кај секоја жена (хаха).

Верче: Кога нема да ме послуша за нешто, а на крај ќе сфати дека сум во право.

darko-i-verche-vo-toj-taa-intervju-shto-saka-najmnogu-kaj-nea-koj-i-e-najubaviot-mig-so-nego-detali-od-skopska-ljubovna-prikazna-18.JPG

darko-i-verche-vo-toj-taa-intervju-shto-saka-najmnogu-kaj-nea-koj-i-e-najubaviot-mig-so-nego-detali-od-skopska-ljubovna-prikazna-17.JPG

Омилена особина на Дарко/Верче ти е …

Дарко: Омилена особина ми е тоа што е искрена.

Верче: Доволно би било ако само ја кажам трпеливоста пред сè.

darko-i-verche-vo-toj-taa-intervju-shto-saka-najmnogu-kaj-nea-koj-i-e-najubaviot-mig-so-nego-detali-od-skopska-ljubovna-prikazna-28.JPG

Најубавиот миг во вашата врска досега ви е...

Дарко: Убави мигови има често, но доколку морам да одвојам тоа нека биде првото наше заедничко летање со авион, бидејќи и двајцата сакаме патувања и адреналин.

Верче: Сите, не знам, но мислам дека доволни би биле фотографиите кои ви ги имаме испратено во прилог да говорат сами за себе наместо јас. Како велат една фотографија 1.000 зборови, но доколку тоа треба да се опише со зборови, ајде тоа нека биде миг од оваа година и посетата на местото „Пешти“, кое се наоѓа во близина на Велес, каде буквално цел ден си го посветивме сами на себе покрај реката Бабуна.

darko-i-verche-vo-toj-taa-intervju-shto-saka-najmnogu-kaj-nea-koj-i-e-najubaviot-mig-so-nego-detali-od-skopska-ljubovna-prikazna-23.JPG

За што се расправате најчесто?

Дарко: За ситници тргнувајќи од „народната“ кои мене ми изгледаат како мравка, но на неа како слон …

Верче: Најчесто сум јас таа што се кара за некоја ситница, што он ќе ми објасни на смирен начин дека не е вредно за тоа да се караме и да губиме време.

darko-i-verche-vo-toj-taa-intervju-shto-saka-najmnogu-kaj-nea-koj-i-e-najubaviot-mig-so-nego-detali-od-skopska-ljubovna-prikazna-16.JPG

Каде се гледате за 10 години отсега?

Дарко: Хмм, никогаш не размислувам за иднината, особено за толку многу далеку, но секако за 10 години се гледам во топло и хармонично семејство.

Верче: Мислам дека секој треба да живее за сегашните моменти поминати со саканите личности, на ова прашање одговорот ќе дојде за 10 години.

darko-i-verche-vo-toj-taa-intervju-shto-saka-najmnogu-kaj-nea-koj-i-e-najubaviot-mig-so-nego-detali-od-skopska-ljubovna-prikazna-29.JPG

Доколку познавате пар кој би бил интересен за ваков тип на интервју пишете ни на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Повеќе фотки од Дарко и Верче на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Миро Кацаров за родниот град: „Старата чаршија во Штип ме научи на 'школо' кое нема цена“ „Роден сум во Штип и растен сум во бивша Југославија, каде сите маалски детски и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg