Јована М. Петревска: „На ќерка ми Софи ѝ беше дијагностициран Даунов синдром 2 седмици по раѓањето - таа е совршена“
Што ја вознемирува најмногу Софи? Како реагира на нови познаници, со кој член од семејството, покрај тебе, се чувствува најдобро?
На оваа возраст кај Софи се вообичаени работи, како и кај сите деца кои штотуку почнуваат да учат и да се запознаваат со секојдневните активности.
Нема нешто што би одвоила посебно, а не е соодветно за нејзината возраст.
Софи е дете со мила ѕвезда и луѓето сами ни приоѓаат.
Откако е родена Софи имаме поголем круг на луѓе околу нас, со коишто се развила комуникацијата поради неа.
Кога јас сум отсутна, тогаш забавата започнува. Софи е татино дете и се радувам за тоа бидејќи и јас цел живот бев дете на тато и ја знам таа радост.
Секогаш тато Деко е расположен за секоја нејзина желба да стане реалност. И со него е таа е најдобро и најсреќна.
Имате ли семејна историја на Даунов синдром?
Не, немаме.
Познаваш ли други родители со деца со Даунов синдром? Членуваш ли во некое здружение за поддршка?
За среќа, уште многу одамна пред да се роди Софи, ја имам запознаено Сузана Стојановска, која е мајка на Никола - дечко со Даунов синдром.
Веднаш штом дознавме дека и Софи има, ја побарав после многу години и ме прими со толку силна прегратка, која многу ме охрабри.
Воедно Сузе е и основач на здружението „Доза Среќа“ каде што заедно со Софи членуваме и редовно сме присутни на часовите со активности.
Во здружението запознав многу родители со деца со Даунов синдром што многу ми помогнаа во сè и ми даваа огромна поддршка.
Повеќе фотографии со Софи:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело