Сузана Стојановска: „Згрижив дете со оштетен вид и станаа најдобри пријатели со мојот син со Даунов синдром“

„Често размислував да згрижам дете, да му дадам топол дом и љубов. Денис e слеп, а мојот син Никола е со Даунов синдром. Многупати сум кажала - Никола е очите на Денис, а пак Денис е јазикот на Никола“ – раскажува Сузана Стојановска, мајка на три деца, баба на три внуци и згрижувач на дете.

suzana-stojanovska-majka-baba-i-zgrizhuvach-na-denis-dete-so-oshteten-vid-samo-podelenata-ljubov-se-mnozhi-01.jpg

Сузана Стојановска би ја опишале едноставно како жена со големо срце.

suzana-stojanovska-majka-baba-i-zgrizhuvach-na-denis-dete-so-oshteten-vid-samo-podelenata-ljubov-se-mnozhi-02.jpg

Таа за CRNOBELO.com раскажува како всушност се решила да стане згрижувач и да вдоми дете:

Моето трето дете Никола е од оние посебните, најмилите, дете со Даунов синдром. 

Не можам да кажам дека беше лесно да се справуваме со сите предизвици и препреки, особено пред 19 години кога сѐ уште за децата со посебни потреби немаше јасно дефинирани закони (градинка, образование, дневен центар).

Машкиот родител (тешко ми е и да го напишам зборот татко) го напушти кога имаше 12 години, затоа што е дете со посебни потреби и никогаш не го призна за свој син.

Никола по природа е многу дружељубив. Додека растеше, неговата сестра и брат беа покрај него, меѓутоа поради големата разлика во години (20 и 17 години) му недостасуваше да има другарче. Често размислував да станам згрижувач, односно некое дете да најде топол дом полн со љубов, а Никола да има друштво.

suzana-stojanovska-majka-baba-i-zgrizhuvach-na-denis-dete-so-oshteten-vid-samo-podelenata-ljubov-se-mnozhi-22.jpg

Моментот кога останавме сами знаев дека оваа идеја ќе ја реализирам. Ја поминав потребната обука. Ми требаше подолго време да го спремам Никола дека ќе треба да ме дели со неговото другарче и не само мене, и собата и играчките и сè друго.

Неколку месеци подоцна, точно пред Нова година, ми стигна информација дека едно дете без родители кое учи во училиштето за деца со оштетен вид нема каде да оди за време на распустот кога интернатот не работи, кога сите деца одат дома.

Не го познавав Денис меѓутоа веќе бев тргната накај училиштето. Тој ден, 31 декември, беше трка со времето - до училиштето, назад до Центарот за социјална работа, назад до училиште и веќе Денис беше во нашето семејство.

Факт е дека Денис и Никола сега се најдобри пријатели, си помагаат и се дружат постојано... Како изгледаше прилагодувањето на ново дете во домот?

Тие се навистина еден прекрасен пример како може да функционираат различните попречености.

Додека јас размислував како да ги спојам, дете со интелектуална попреченост и дете со оштетен вид, тие совршено функционираа.

Многупати сум кажала - Никола е очите на Денис, а пак Денис е јазикот на Никола.

suzana-stojanovska-majka-baba-i-zgrizhuvach-na-denis-dete-so-oshteten-vid-samo-podelenata-ljubov-se-mnozhi-03_1.jpg

Има моменти кога и јас не можам да разберам што сака да каже Никола, тогаш го викам Денис да ми „преведе”“ Со неговиот изострен слух, тој совршено го разбира.

Денис е многу мирно и послушно дете, исполнителен, трудољубив. Имавме и малку тешки моменти кога се боревме со акутна психоза, но сето тоа е минато.

suzana-stojanovska-majka-baba-i-zgrizhuvach-na-denis-dete-so-oshteten-vid-samo-podelenata-ljubov-se-mnozhi-03.jpg

Среќна сум што постигнавме голем напредок за овие шест години. Морам и ова да го кажам, никогаш ама баш никогаш тие двајца не се скарале.

suzana-stojanovska-majka-baba-i-zgrizhuvach-na-denis-dete-so-oshteten-vid-samo-podelenata-ljubov-se-mnozhi-01_1.jpg

Кој совет би им го дале на луѓето кои можеби се двоумат дали да згрижат дете?

Би им препорачала на сите кои имаат услови и кои некогаш во животот посакале некому да пружат рака, да помогнат - станете згрижувач, тоа чувство е посебно, не се опишува.

Тоа е љубов - делете ја, само така се множи.

suzana-stojanovska-majka-baba-i-zgrizhuvach-na-denis-dete-so-oshteten-vid-samo-podelenata-ljubov-se-mnozhi-003.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Никола од Струмица прави ремек-дела од торти: „Имаме направено торта висока 3 метри – ја подготвував... „Еднаш правевме голема свадбена торта за во Струга и при транспорт, се оштети де...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg